Ковачилница (Берово)

Координати: 41°42′41″N 22°51′46″E / 41.71139° СГШ; 22.86278° ИГД / 41.71139; 22.86278
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ковачилница

Карта

Местоположба 41°42′41″N 22°51′46″E / 41.71139° СГШ; 22.86278° ИГД / 41.71139; 22.86278
Основни податоци
Место Берово
Општина Берово
Тип

 населба


Период железно време
доцноантичко време
среден век
Портал „Археологија“

Ковачилница — утврдена населба од железното и доцноантичкото време и средниот век. Се наоѓа на 7 километри источно од Берово, лево од коритото на Брегалница, на височина скриена во планинскиот предел. Јужната и северната страна се стрмни и опкружени со суводолици, додека другите две се малку поблаги и преку мали преслапи се надоврзуваат на ридот Градиште. На самиот врв на височинката има елипсовиден простор, со димензии од 25x15 метри, опкружен со остатоци од бедем и речиси целиот покриен со кршен камен и згура од топена руда. На падините, особено од западната и југозападната страна, се среќаваат фрагменти од атипична керамика од железното време, како и од доцноантичкото време. Наоѓалиштето е доста прекопано од трагачи по злато.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069