Индиски крокодил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Индиски крокодил
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Рептили
Ред: Crocodilia
Фамилија: Crocodylidae
Род: Crocodylus
Вид: C. palustris
Биномен назив
Crocodylus palustris
Lesson, 1831
Распространетост на Crocodylus palustris

Индискиот крокодил (Crocodylus palustris) познат и под името Ирански крокодил, Персиски крокодил или Мугер, живее во Индија, Пакистан и Шри Ланка. Го среќаваме и во некои делови на Бангладеш, Непал и Иран. Името Мугер е добиено според хинду зборот „магар“ што значи „водно чудовиште“[1][2].


Карактеристики[уреди]

Череп на индиски крокодил

Најголемиот примерок во Британскиот Музеј е долг 12 стапки, но се смета дека некои индивидиуи растат и многу повеќе.[3]. Возрасните мажјаци растат 4-5 метри и тежат повеќе од 450 килограми[4].

Кај индискиот крокодил, родителите имаат голема улога. После парењето, мајката гради гнездо каде и положува јајцата (од 10 до 48) кои тежат околу 85 грама. Потоа го маскира и прикрива гнездото со песок или земја. За време на инкубацијата, која трае 55-75 дена, мајката е постојано околу гнездото за да го брани од предатори. Наколку часа пред ведењето, малите крокодили испуштаат звуци кои се слушаат на неколку метри оддалеченост, наменети за мајката и таткото. Потоа, родителите го откриваат гнездото и дури понекогаш помагаат при ведењето, односно ги тркалаат јајцата. Малите крокодили веднаш ги пренесуваат во вода. Се случува таткото да завземе заштитничка улога и да го брани гнездото од останатите крокодили, па дури и од мајката. Родителите ги чуваат малечките за време од 1 или 2 години. Потоа, малите се препуштени сами на себе, но родителите се прилично толерантни на нивното присуство.

Распространетост[уреди]

Индискиот крокодил може да се најде во Индија, Бангладеш, Шри Ланка, Пакистан, Непал, јужниот дел на Иран и најверојатно во Индокина. Овој вид е единствениот вид на крокодил кој може да се сретне во Иран и Пакистан. Индискиот крокодил е најраспространетиот и најчестиот коркодил од трите вида на крокодили кои живеат во Индија. Го има во многу поголем број во земјата (а најверојатно и во околните земји) од многу поголемиот морски крокодил.

Persiancrocodile.jpg

Во 1980-тите најголемата популација на диви крокодили живеела во резерватот Амараватхи во Тамил Наду, Јужна Индија, односно во реките Чинар, Тенар и Памбар. Бројот на индивидуи се проценувал на 60 возрасни единки и 37 млади. Крокодилската фарма Амаравати Сагар е основана во овој регион во 1975 година и е најголемото одгледувалиште на крокодили во Индија. Јајцата се собираат од дивината во резерватот а потоа се чуваат на фармата каде се раѓаат младите крокодили. Истовремено се чуваат и до 430 индивидуи. Стотици индивидуи се враќаат во дивината кога ќе достигнат одредена возраст[5].


Живеалиште[уреди]

Индиски крокодили во заробеништво


Индискиот крокодил е претежно слотководен крокодил, што значи дека живее во езера, реки и мочуришта. Овие крокодили преферираат мирни и плитки води. Откриено е дека ги населуваат и вештачките резервоари и канали за наводнување. Понекогаш ги среќаваме и во солени води, односно во лагуните. Како и неговиот роднина, кубанскиот крокодил, адаптиран е повеќе за копнен живот, но од еколошки аспект посличен е со нилскиот крокодил. Се знае дека овој вид е доста подвижен на копно, и може да помине големи растојанија во потрага по поволно живеалиште. Индијскиот коркодил може и да го брка пленот на копно на кратки растојанија. За време на сувата сезона, се кријат во дупки кои самите ги копаат.

Исхрана[уреди]

Овој рептил е карнивор и се храни со риби, други рептили и мали цицачи како мајмуни на пример. Всушност, повеќето рбетници кои се доближуваат да пијат вода се потенцијален плен, кој лесно може да биде зграпчен и одвлечен во длабоката вода. Големите возрасни единки ловат и поголеми цицачи како елени, вклучувајќи го и 225 килограми тешкиот Самбарски елен, и 450 килограми тешкото Домашно водно бафало. Возрасните крокодили се во директна конкуренција за храна со тигарот. Тигрите можат и да ги уловат овие крокодили и претставуваат единствениот природен предатор освен другите видови на крокодили.

Наводи[уреди]

  1. http://dictionary.reference.com/browse/mugger
  2. Britton Adam (2002) Crocodilian species list, retrieved 30 август, 2007Crocodylus palustris
  3. Boulenger, G. A. (1890) Fauna of British India. Reptilia and Batrachia.
  4. Crocodilian Species - Marsh Crocodile (Crocodylus palustris)
  5. Andrews,Harry V., "Status and Distribution of the Mugger Crocodile in Tamil Nadu"[1]