Сијамски крокодил

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сиајмски крокодил
Сијамски крокодили
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Рептили
Ред: Crocodilia
Фамилија: Crocodylidae
Род: Crocodylus
Вид: C. siamensis
Биномен назив
Crocodylus siamensis
Schneider, 1801

Сијамскиот крокодил (Crocodylus siamensis) е слатководен крокодил со природно живеалиште во Индонезија, Брунеи, Малезија, Лаос, Камбоџа, Бурма, Тајланд и Виетнам. Овој вид е критично загрозен и изумрен во многу региони.

Во природата преферираат мирни води како мочуришта, реки и некои езера. Повеќето возрасни единки не надминуваат 3 метри во должина, иако во заробеништво се среќаваат и некои хибриди кои растат и многу повеќе.

Заштитен статус[уреди]

Поради прекумерното ловење и губењето наприродното живеалиште сијамскиот крокодил спаѓа во критично загрозени видови. Во 1992 година се верувало дека е изумрен во дивината. Оттогаш многу истражувања потврдиле присуство на мали популации во Тајланд (само неколу индивидуи, ако не се бројат единките кои пуштени во природата за да се спаси видот), мали популации во Виетнам (најверојатно помалку од 100 индивидуи) и малку позначајни популации во Бурма и Лаос. Во март 2005 година, истражувачите пронашле гнездо со млади сиамски крокодили во јужната провинција Саванакет во Лао. Постои и многу мала популација во северна Камбоџа. Овој вид на крокодил сѐ уште се смета за изумрен во Индонезија, Малезија и Брунеи. Вкупната популација во дивината се проценува на помалку од 5000 индивидуи. Најголемиот број на индивидуи во заробеништво се хибриди со морскиот крокодил, иако постојат и чистокрвни сијамски крокодили. Овој крокодил се одгледува и во крокодилски фарми, најмногу во Тајланд.

Во националниот парк Банг Сида во Тајланд, во близина на Камбоџа, постои проект пуштање индивдуи во дивината со цел да се зголеми бројот на популациите. Многу млади крокодили се пуштени во реките во паркот, во делови кои не се достапни за посетители.

Галерија[уреди]


Надворешни врски[уреди]