Новогвинејски крокодил
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Новогвинејски крокодил | |
|---|---|
| Заштитен статус | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Тип: | Хордати |
| Класа: | Рептили |
| Ред: | Crocodilia |
| Фамилија: | Crocodylidae |
| Род: | Crocodylus |
| Вид: | C. novaeguineae |
| Биномен назив | |
| Crocodylus novaeguineae Schmidt, 1928 |
|
Новогвинејскиот крокодил (Crocodylus novaeguineae) е мал вид на крокодил кој живее на островот Нова Гвинеја.
Содржина |
[уреди] Карактеристики
Мажјаците од видот Crocodylus novaeguineae растат до 3,5 метри, додека женките се долги до 2,7 метри. Телото е со сиво-кафеава боја, со темно кафени или црни белези на опашката. Муцката е прилично долгнавеста, и кај младите крокодили е со шилеста форма, додека кај ворасните муцката е поширока. Според физичкиот изглед, доста е сличен со Филипинскиот крокодил (C. mindorensis) и Сијамскиот крокодил (C. siamensis). Филипинскиот крокодил во минатото се сметал за подвид на новогвинсејскиот крокодил и го имал името C. novaeguineae mindorensis.
Возрасните единки ловат ноќе, и претежно се хранат со риби, водни птици и други мали рбетници како водоземци и рептили.
Женките несат помеѓу 22 и 45 јајца.
[уреди] Живеалиште
Ова ноќно животно се среќава во слатководните мочуришта и езера, најчесто во внатрешноста на островот Нова Гвинеја. Иако може да живее и во солени води, овој крокодил ретко се среќава во крајбрежјето во водите кои имаат помало количество сол од морската вода. Никогаш не живее во места каде што го има Морскиот крокодил (C. porosus). На островот Нова Гвинеја има 2 популации на C. novaeguineae кои се одвоени до планински венец. Овие две популации се одредени со помош на генетски анализи.
[уреди] Заштитен статус
Новогвинејскиот крокодил денес е со најмала загриженост од изумирање. Популациите се проценуваат на помеѓу 50 000 и 100 000 индивидуи. Во минатото, до 1970тите бил убиван поради кожата. Потоа е создадена програма за заштита и за одгледување (фарми на крокодили), која според бројот на индивидуи во природата се смета за успешна.
[уреди] Наводи
- „New Guinea Crocodile“. „Crocodilians“. http://www.flmnh.ufl.edu/cnhc/csp_cnov.htm. проверено на 2006-10-15.
|
||||||||
