Африкански крокодил

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Африкански крокодил
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Рептили
Ред: Crocodilia
Фамилија: Crocodylidae
Потфамилија: Crocodylinae
Род: Crocodylus
Вид: C. cataphractus
Биномен назив
Crocodylus cataphractus
Cuvier, 1825
Распространетост
Синоними

Mecistops cataphractus

Африканскиот крокодил (Crocodylus cataphractus), наречен и тенко-муцест крокодил, е вид на крокодил кој спаѓа во родот Crocodylus. Според последните истражувања на морфологијата и ДНК на овој вид, се отвара можноста дека припаѓа на посебен род именуван Mecistops[1]. Сепак сѐ уште се користи класификацијата во Crocodylus за африканскиот крокодил[2].

Африканскиот крокодил живее во слатките води во централна и западна Африка. Тие се крокодили со средна големина и растат околу 3-4 метри во должина. Има карактеристична тенка муцка, според која и го добил името. Најчесто овие крокодили се хранат до риби, ракови и водоземци.

Овој вид не живее во групи, освен за време на сезоната на парење. Сезоната на парење на африканскиот крокодил почнува за време на дождовната сезона. Женката го гради гнездото, кое има форма на насип и е составено од растителен материјал. Најчесто овие гнезда се изградени на брегот на реката. Јајцата имаат долг период на инкубација споредено со останатите видови на крокодили, и изнесува дури и до 110 дена. Африканскиот крокодил во просек положува околу 16 јајца (минимум 13, максимум 27). Женката останува блиску до гнездото за време на целиот период на инкубација, но не го брани така жестоко како останатите видови на крокодили. Кога младите крокодили ќе почнат да излегуваат од јајцата, тие испуштаат специфични звуци со кои ја повикуваат маката која го отвара гнездото и им помага при излегувањето од јајцата.

Иако статусот не е познат, се смета дека популацијата се намалува и дека можно е да е загрозен вид. Се проценува дека има околу 50 000 индивидуи.

Галерија[уреди]


Наводи[уреди]

  1. McAliley, Willis, Ray, White, Brochu & Densmore (2006). Are crocodiles really monophyletic?—Evidence for subdivisions from sequence and morphological data. Molecular Phylogenetics and Evolution 39: 16-32.
  2. Crocodylus cataphractus. CROCODILIANS Natural History & Conservation. Accessed 2008-06-28