Зрнци
| Зрнци | |
|---|---|
| Црн зрнец (Solanum nigrum) | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Растенија |
| Нерангирано: | Скриеносеменици |
| Нерангирано: | Евдикоти |
| Нерангирано: | Астериди |
| Ред: | Зрновидни |
| Фамилија: | Зрнци Juss. |
| Потфамилии | |
|
Cestroideae |
|
Зрнците (науч. Solanaceae) се фамилија на цветни растенија каде спаѓаат низа значајни земјоделски култури, но и многу видови на токсични растенија.
Во фамилијата се вбројуваат татулата (Datura), мандрагората (Mandragora), помамницата (Atropa belladonna), плетиплотката (Lycium barbarum), зрнавецот (Physalis), пиперката (Capsicum), зрнецот (Solanum = компир, домат, модар патлиџан), тутунот (Nicotiana) и петунијата (Petunia).
Многу членови на фамилијата играат важна улога во човечкиот живот како храна, зачини и лекови. Меѓутоа, многу видови се богати со алкалоиди со отровност која се движи од малку надразнителна до смртоносна во мали дози. Некои видови се психоактивни (на пр. татулата).
Содржина |
Опис[уреди]
Растенијата од фамилијата Зрнци можат да бидат билки, грмушки, дрва и понекогаш, ползавци. Цветовите обично се ѕвездести. По облик се зрачни или цевчести, со четири до пет венечни ливчиња кои обично се споени. Leaves are alternate. Плодот е бобинка со осна плацентација како кај доматот и плетиплотката, или пак зажлебена чаура како кај татулата. Семињата кај највеќето растенија се округли и рамни, со пречник од 2-4 мм. Прашниците излегуваат од венечните ливчиња и нивниот број обично е содржател на четири или пет, најчесто четири или осум. Плодницата е издадена.[2]
Генетика[уреди]
Највеќето членови на фамилијата имаат по 12 хромозоми,[3] број кој е зголемен поради полиплоидија. Дивите компири (околу 200 вида) се претежно диплоидни (2 × 12 = 24 хромозоми), но постојат и триплоидни (3 × 12 = 36 хромозоми), третраплоидни (4 × 12 = 48 хромозоми), пентаплоидни (5 × 12 = 60), па дури и хексаплоидни (6 × 12 = 72 хромозоми) видови. Домашниот компир (Solanum tuberosum) има 4 × 12 = 48 хромозоми. Некои водиви од родот на пиперката имаат 2 × 12 = 24 хромозоми, додека пак други имаат 26 хромозоми.
Некои родови[уреди]
|
|
Поврзано[уреди]
Наводи[уреди]
- ↑ „Зрнци (Solanaceae Juss., nom. cons.)“. „GRIN“. Министерство за земјоделство на САД. 12 април 2007. http://www.ars-grin.gov/cgi-bin/npgs/html/family.pl?1043. проверено на 16 април 2009. (англиски)
- ↑ Yasin J. Nasir. „Solanaceae“. „Flora of Pakistan“. http://www.efloras.org/florataxon.aspx?flora_id=5&taxon_id=10828.
- ↑ Fujii, Kenjiro (1934). „Cytologia“. Botanical Institute. стр. 281. http://books.google.com/books?id=If8ZAAAAIAAJ.
Надворешни врски[уреди]
| „Зрнци“ на Викивидови |
| „Зрнци“ на Ризницата |
- Извор за зрнците - таксономска монографија за сите видови од родот Зрнец (Solanum) (англиски)
- Зрнци (Solanaceae) - Л. Вотсон и М.Џ. Далвиц (1992-) (англиски)
- Зрнци (Solanaceae) - База на растенија на USDA (англиски)