Знаме на Република Косово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Знаме на Република Косово
}}
Употреба Државно знаме
Сразмер 5:7
Усвоено 17 февруари 2008
Опис Сино знаме со приказ на картата на Косово во златна боја. Над картата има шест златни ѕвезди.
Творец Мухамер Ибрахими

Знамето на Република Косово е знаме кое го користи оваа непризната држава. Знамето било усвоено од Собранието на Косово веднаш по објавувањето на спорната независност од Србија[1] на 17 февруари 2008.[1][2] Ова знаме било избрано на конкурс каде имало над илјада предлози.[3] Денешното знаме било прифатено како државно знаме и е составено од Мухамер Ибрахими.[4]

Знамето на Косово е сино знаме. Во средината на сината позадина се наоѓа картата на Косово во златна боја додека над самата карта има шест бели ѕвезди.[5] Ѕвездите ги претставуваат шесте најголеми косовски националности.[6]

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Fawkes, Helen. „Kosovo celebrates 'dream come true'“, „BBC News“, 17 февруари 2008 (конс. 7 септември 2008).
  2. Kosovo MPs proclaim independence“, „BBC News“, British Broadcasting Corporation, 17 февруари 2008 (конс. 7 септември 2008).
  3. Wander, Andrew. „With independence looming, Kosovo to pick a flag“, „Christian Science Monitor“, 8 февруари 2008 (конс. 7 септември 2008).
  4. Prime Minister Thaçi meets designer of Kosova flag Mr. Muhamer Ibrahimi“, Office of the Prime Minister of Kosovo, 23 февруари 2008 (конс. 7 септември 2008).
  5. Parliament adopted the flag of Kosovo state, Kosovapress, Priština, 17 февруари 2008.
  6. Reeves, Terri Bryce. „Former Kosovar leader rejoices from afar“, „St. Petersburg Times“, 19 февруари 2008 (конс. 19 февруари 2008).

Надворешни врски[уреди]