Знаме на Република Кипар
| Употреба | Државно и пловно знаме |
|---|---|
| Сразмер | 3:5 |
| Усвоено | 16 август 1960 |
| Опис | Бело знаме со приказ на картата на државата во златна боја опколена со маслинови зелени гранчиња. |
| Творец | Исмет Ѓунеј |
Знамето на Република Кипар е официјалното знаме на државата, поточно на јужниот дел од островот Кипар. Знамето било усвоено на 16 август 1960 година кога се осамостоил Кипар.
Знамето на Кипар е бело каде има приказ на картата на Кипар во темножолта боја и под картата се наоѓаат две зелени маслинови гранчиња. Гранчињата и белата боја симболизираат мир, додека вкрстеноста на гранчињата симболизира мир помеѓу Грците и Турците. Картата и бојата го симболизираат бакарот во државата, бидејќи Кипар е составен од голем депозит на бакарна руда.
Пред да се усвои ова знаме, се користеле грчкото и турското знаме. Кога се правело знамето се избегнувала: црвена боја, сина боја, крст, полумесечина и ѕвезда за да се добие неутрално знаме. Знамето го направил Исмет Гунеј.[1]
Покрај ова знаме, има и предлог знаме кое би се користело кога Кипар би се обединил. Тоа е составено од пет ленти во сина, бела, жолта, бела, црвена боја што симболизираат: Грци, мир, Кипар и Турци.
Видете исто така [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ Evripidou, Stefanos. „Cyprus flag designer dies“, „Cyprus Mail“, 2009-06-25 (проверено на 2009-07-11).

