Етнолингвистика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Етнолингвистика, понекогаш именувана и како културна лингвистика,[1] е поле на лингвистиката кое се занимава со проучување на односот меѓу јазикот и културата, и начинот на кој различни етнички групи го гледаат светот. Ова е комбинација на етнолигија и лингвистика.

Етнолингвистиката го проучува начинот на перцепцијата и концептуализацијата и нивното влијание врз јазикот, и покажува како ова е поврзано со различни култури и општества. Пример за ова е начинот на кој просторната ориентација е изразена во различните култури.[2][3]

Култураната лингвистика е поим со кој се означува сродно поле на лингвистиката која го истражува односот меѓу јазикот, културата и концептуализацијата.[4] Културната лингвистика се повикува на, но не е ограничена со, теоретската претстава и аналитичките алатки на когнитивната лингвистика и когнитивната антропологија. Централните елементи на пристапот се културната шема и културниот модел. Тоа испитува како различни карактеристики на јазикот кодираат шеми и културни модели.[5] Во културната лингвистика, јазикот се гледа како доста вкоренет во групното ниво, културната когниција на говорната заедница.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Ferraro, Gary (2006). „Cultural Anthropology: An Applied Perspective“. Cengage Learning. ISBN 0-495-10008-0. 
  2. Heine, Bernd (1997) Cognitive Foundations of Grammar. Oxford/New York: Oxford University Press.
  3. Tuan, Yi-Fu (1974) Topophilia: A study of environmental perception, attitudes, and values. Englewood Cliffs, N.J.: Prentice Hall.
  4. Palmer, Gary B. (1996). Toward a Theory of Cultural Linguistics. Texas: Texas University Press.
  5. Sharifian, Farzad (2011). Cultural Conceptualisations and Language: Theoretical Framework and Applications. Amsterdam/Philadelphia: John Benjamins.

Надворешни врски[уреди]