Описна лингвистика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Јазичниот опис, описната лингвистика или дескриптивна лингвистика, е гранка на лингвистиката, која се занимава со објективно анализирање и опишување на тоа како јазикот е (бил) зборуван од група на луѓето во говорната заедница. Сето научно истражување во лингвистиката е описна. Како и другите науки, целта на описната лингвистика е да го набљудува лингвистичкиот свет како што е, без предрасуди и пресудувања за тоа како би требало да биде.[1] Современата описна лингвистика е базирана на структуралниот пристап кон јазикот, како што е кај Леонард Блумфилд и останатите. Описната лингвистика често е споредена со кодификацијата. Овие две се комплементарни, но имаат различни приоритети и понекогаш се во конфликт. Поимот „дескриптивизам“ се користи да се означи верувањето дека описот е позначаен од учењето.

Точен опис на реалниот говор е тежок проблем, и јазичарите често се ограничени на приближности. Скоро секоја лингвистична теорија има свое потекло во практичните проблеми на описната лингвистика.

Описната лингвистика се смета за описно адекватна ако ги достигне, делумно или целосно, следниве цели:

  1. опис на фонологијата на јазикот,
  2. опис на морфологијата на јазикот,
  3. опис на синтаксата на јазикот,
  4. опис на лексичното зборообразување,
  5. документација на зборовниот фонд, најмалку барем 1000 зборови,
  6. репродукција на неколку текстови.

Наводи[уреди]

  1. Kordić, Snježana (2010) (на Serbo-Croatian). „Jezik i nacionalizam“. Rotulus Universitas. Zagreb: Durieux. стр. 60. ISBN 978-953-188-311-5. OCLC 729837512. http://bib.irb.hr/datoteka/475567.Jezik_i_nacionalizam.pdf. конс. 11 август 2012. 

Литература[уреди]