Когнитивна лингвистика

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Когнитивна лингвистика

Когнитивната лингвистика (КЛ) се однесува на лингвистичката гранка која го толкува јазикот во смисла на концептите, понекогаш универзално, понекогаш одредена за посебен јазик, лежи во основа на својата форма. Таа е тесно поврзана со семантиката, но се разликува од психолингвистиката, која од когнитивната психологија извлекува емпириски откритија за да се објаснат мисловните процеси кои подлежат на стекнување, зачувување, произведување и разбирање на говорот и пишувањето.

Когнитивната лингвистика се карактеризира со поддршката на три централни позиции.

1. Одбива дека постои автономна лингвистичка надареност во паметот;

2. Граматиката ја подразбира во смисла на концептуализација;

3. Тврди дека познавањето на јазикот потекнува од употребата на јазикот.

Когнитивните лингвисти негираат дека паметот има некаков модул за јазично стекнување кое е уникатно и автономно. Ова е во контраст со ставот кој е применет во полето на генеративната граматика. Иако когнитивните лингвисти не негираат непотребно дека делот за човековата лингвистичка способност е вроден, тие негираат дека е одделен од останатата когниција. Според тоа, тие го одбиваат органот на мислењето во когнитивната наука, со кој се предлага дека има доказа за модуларноста на јазикот. Тие расправаат за тоа дека знаењето на лингвистичкиот феномен т.е. фонемите, морфемите и синтаксата во природата е суштински концептуален. Сепак, тие изјавуваат дека зачувувањето и враќањето на лингвистичките податоци не се разликува значително од зачувувањето и враќањето на останатите знаења и дека употребата на јазикот за разбирањето бара слични когнитивни способности за оние кои се употребени во другите нелингвистички задачи.

Тргнувајќи од традицијата на правилната кондиционална семантика, когнитивните лингвисти гледаат значење во смислата на концептуализацијата. Ова може да се смета како современа гранка на хипотезата Сапир – Ворф, за тоа дека јазикот и когницијата влијаат еден на друг и дека се вградени во искуствата и околините на нивните корисници.

Поле на изучување

Когнитивните лингвисти се поделени на три главни полиња на изучување:

1. Когнитивна семантика – се занимава најчесто со лексичката семантика.

2. Когнитивниот пристап кон граматиката – најчесто се занимава со синтаксата, морфологијата и останатите граматички области.

3. Когнитивна психологија.

Видовите на когниција кои се во корист на когнитивните лингвисти вклучуваат:

 Составна и когнитивна граматика.

 Концептуална метафора и концептуално мешање

 Скици на слики и сила на динамиката

 Концептуална организација: категоризација, метонимија, рамковна семантика и иконографија.

 Конструал (психолошки термин за тоа како личноста го перцепира, разбира и толкува светот околу нејзе/него) и субјективност.

 Гестови и јазикот на знаците.

 Лингвистичка релативност.

 Културна лингвистика.

Дела кои што се поврзани со многу од горенаведените теми:

 Пресметковен модел на метафора и јазично стекнување.

 Концептуална семантика, водена од општиот лингвист Реј Џакендоф. Поврзана е на сметка на неговиот активен психолошки реализам и поврзувањето на прототипските структури и слики.

Кај когнитивната лингвистика, повеќе отколку кај општата лингвистика, се бара спојување на овие откритија во разбирлива целина. Понатамошни компликации произлегуваат од фактот дека терминологијата на когнитивната лингвистика не е комплетно стабилна, бидејќи е релативно ново поле и бидејќи се соочува со голем број на други дисциплини. Увидите и развитоците од когнитивната лингвистика стануваат се повеќе прифатливи начини за анализирање на литературни текстови. Когнитивната поетика, како што стана позната, стана важен дел од модерната стилистика.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник