Кодификација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За други значења на овој поим, видете кодификација.

Кодификацијата е нормативна постапка, а подразбира создавање на нормативни речници, граматики, прирачници како што е правописот и друго. Со кодификацијата се пропишуваат правилата што треба да се почитуваат при изборот на јазичните средства, односно правила што ги обврзуваат говорните претставници на даден јазик. Тоа значи дека се пропишуваат правилата што се сметаат за добри и правилни, а сите останати се отфрлаат. Со правописот се пропишува ортографската норма. „Опишувањето“ му претходи на „пропишувањето“ т.е. јазикот најпрво треба да се опише, а потоа да се нормира, односно да се пропишат правилата што треба да се почитуваат.