Есбјерг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Есбјерг
Главниот плоштад во Есбјерг
Есбјерг се наоѓа во Данска
Есбјерг
Местоположба во Данска
Координати: 55°29′ СГШ 8°27′ ИГД / 
Управа
 • Градоначалник Џони Сетруп
Површина
 • Вкупна 15 км2
Население (2012)
 • Вкупно 71.579 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Портал www.esbjerg.dk

Есбјерг (дан. Esbjerg) е петтиот град по големина во Данска и најголем град во југозападниот дел на земјата. Градот се наоѓа во кругот на покрајната Јужна Данска, каде со околнитe населени места претставува една од општините, Општина Есбјерг. Денес градот Есбјерг има 71.579 жители (од 1 јануари 2012)[1]. Во Eсберг најважно е градското пристаниште на западниот брег на Јитланд.

Природни услови[уреди]

Есбјерг се наоѓа во северниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, градот Есбјерг е оддалечен околу 300 километри западно.

Релјеф: Есбјерг се наоѓа во југозападниот дел на данскиот полуостров Јитланд. Градското подрачје е претежно рамничарско. Надморската височина на средиштето на градот се движи измеѓу 0 и 20 метри.

Клима: Климата во Есбјерг е претежно умерено-континентална под влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.

Води: Градот се формирал на заливот Вада, кој е дел од Северното Море. Градот е стратегиски поставен како најпловно пристаниште на западот од земјата.

Историја[уреди]

Подрачјето на Есбјерг било населено уште во времето на праисторијата. Современото градско населено место плански е основано во текот на 1868 година како замена за пристаништето Алтон (денес дел од Хамбург), која тогашната Данска го загубила во битката со Прусија. Населеното место своите градски права ги добило во 1899 година. И покрај петгодишната окупација на Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население, не претрпеле сериозни страдања.

Население[уреди]

Денес Есбјерг има околу 70.000 жители во градските граници и околу 115.000 со околните населени места.

Етнички состав

Населението на Есбјерг до пред неколку децении било претежно населено со етнички данци, но денес поголем број од населението има странско потекло.

Стопанство[уреди]

Стопанството на градот Есбјерг денес главно се оснoва на пристаништето и на бродоградилиштето.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. BEF44: Population 1st January, by urban areas податоци од Данската статистика

Надворешни врски[уреди]