Ернст & Јанг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ернст & Јанг (EJ)
Тип фирмите членки, кои членуваат имаат различни правни структури, САД и ВБ ограничено партнерство на одговорност
Oснована 1989
Седиште Лондон, Англија, ВБ (ЕЈ на глобално ниво)
Клучни личности Џим С. Турлеи, претседавач и CEO (Ceef exekutive officer= главен извршен директор)
Дејност професионални услуги
Услуги ревизија
данок
финансиски совет
Приходи $24,5 милијарди долари (2008)
Вработени 135.730 (на глобално ниво)
Одделенија осигурување, советување, даноци, трансакции
Портал www.ey.com
Канцеларии на EЈ во Њујорк.
Канцеларии на EЈ во Лондон, на повеќе места во Лондон близу Кулата Бриџ (мост).
Канцеларии на EЈ во Ситнеј.

Ернст & Јанг или (ЕЈ) е фирма, која нуди професионални услуги низ светот и една од најдобрите 4 ревизорски фирми, заедно со Прајсваторхаус Куперс, Дилојт и КПМГ. Според магазинот на „Форбс“, компанијата во 2007 г. беше рангирана на 7 место на најдобрите компании во Соединетите Американски Држави.

Ернст & Јанг е светска организација, која има фирми во 140 држави. Главните седишта се наоѓаат во Лондон, Обединетото Кралство, а за САД седиштето се наоѓа на 5 ТајмСквер, во Њујорк.

Историја[уреди]

Почеток[уреди]

Ернст & Јанг е исходот на серии од соединување на почетните организации. Најпрвото партнерство беше основано во 1849 г. во Англија како Хардинг & Пулеин. Во оваа година на фирмата и се придружи Фредерик Винеи. Тој стана партнер во 1859 г. и со своите синови, кои беа вклучени во самиот бизнис, фирмата во 1894 г. доби ново име, и тоа Винеи Смит & Винеи. Во 1903 г. фирмата Ернст & Ернст беше основана во Кливленд од Алвин и Теодор Ернст и во 1906 г. од шкотланѓанецот Артур Јанг во Чикаго беше основано Артур Јанг & Ко. На почетокот на 1924 г. овие американски фирми се соединија со познатите британски фирми, Јанг со Бортс Пертерсон & Ко. и Ернст со Винеи Смит & Винеи. Во 1979 г. оваа доведе до формирање на англо-американскиот Ернст & Винеи, создавајќи ја со четвртата по големина светска сметководствена фирма. Исто така во 1979 г. канцелариите на Артур Јанг во Европа се здружија со неколку поголеми локални фирми во Европа, што стана членка на фирмите на Артур Јанг Интернешенал.

Фузирање[уреди]

Во 1989 г. четвртата по големина фирма се спои со петтата по големина, Артур Јанг, за да го создадат на светско ниво Ернст & Јанг („ЕЈ“). Во октомври 1997 г., ЕЈ објави некои планови за да се соедини на светско ниво со КПМГ за да ја создаде најпрофесионалната организација која ги дава тие услуги низ целиот свет, што требало да претставува одговор на фузирањето што во септември 1997 г. го направи Прајс Ваторхаус со Куперс & Либран. Плановите беа отфрлени во февруари во 1998 г. поради противење на клиентите, недоверба, проблеми со трошоците и отежнати околности за да се фузираат две различни компании и култури.

ЕЈ многу трудно го изгради советодавниот оддел во 1980-ите и 1990-ите години. Американската Комисија за хартии од вредност и членови на инвестициско општество беа загрижени од потенцијалниот конфликт на интереси помеѓу советодавните и ревизорските улуги на Големата Четворка. Во мај 2000 г., ЕЈ беше прва од Големата Четворка, кои формално и целосно ги оддели своите советодавни практики со продавање на фирмата на Кап Џемини, француска компанија за услуги од областа на ИТ, и тоа за 11 милијарди долари, пред сè во акции, создавајќи нова советодавна фирма на Кап Џемини Ернст & Јанг, што подоцна го доби името Капџемини.

Најнова историја[уреди]

Во 2002 г., ЕЈ се фузира со фирми од целиот свет на поранешниот Артур Андерсен, само не оние во САД, Обединетото Кралство, Кина и Холандија.

Светска структура[уреди]

На светско ниво, ЕЈ не ја извршува услугата за клиентот. Поставува светски стандарди и вклучува светска политика различни услуги. Работата на клиентот се извршува од фирмите членки. Секоја земја како членка на ЕЈ е дел од една од петте области:

Во секоја област си има поединечен менаџерски тим, кое е преводено од менаџерски партнер од таа област, кој е на светската извршна власт. Сите области си воведоа свои бизнис модели. На 1 јули 2008 г. ЕЈ го доби правото од партнерите да ги воведат сите свои 87 вежби во државите во Европа, Средниот Исток, Индија и Африка, за да создадат единствено и менаџерски независен ЕМЕИА, што се реализираше од 1 јули 2008 г.

Услуги[уреди]

ЕЈ нуди 4 главни услуги:

  • Уверување и советодавни- бизнис услуги (ААВЅ). Тоа ги комбинира пред се финансиската ревизија (суштинско уверување), со 54% од вкупните приходи и советодавни услуги со 12 % на приходите во 2007 г. Советодавните услуги ги комбинираа Технологија и безбедносните услуги за ризик „TSRS“, испитување за можноста на измама и парнични услуги „FIDS“, бизнис услуги на ризик „BRS“.
  • Даночни услуги, што имаат удел од 22% во вкупниот приход во 2007 г. Тоа вклучува и усогласување на компаниски услуги, човечки капитал, индиректни даноци, меѓународни даночни услуги, даночно сметководство & советодавни услуги за ризик, данок на трасакција.
  • Советодавна услуга за трансакција (ТАЅ), вклучува трговски, финансиски, недвижности, и даночени проценки при купување, , фузирање и аквизиции (купување), проценка и изградување на бизнисот, корпоративно реструктуирање и интеграциски услуги.
  • Услуга за давање на совети на фирмите (ВАЅ), им помага на клиентите да ги подобрат организирањето на својата работа, со изнаоѓање на можности и подобри комплекси, важни променливи програми. Тоа вклучува да се разгледуваат работите како еден унапреден процес на водечка изведба.

Главни клиенти[уреди]

ЕЈ е ревизорската куќа за многу водечки фирми од целиот свет, вклучувајќи ги следните (како што е наведено во своите годишни извештаи):

  • Енергија: ВП, ЦНООЦ, КонокоФилипс, Ферекспо, Казакхмис, Тотал, Компанијата „Вестингхаус електрик“, Икстрата, Хес, Талисман Енерџи, Роснефт
  • Забава: Trump Entertainment Resorts, Magna Entertainment Corp
  • Финансиски услуги: 3i, Авива, компанијата Велпоинт,Аон, ИНГ, Рабобанк, ИЦБЦ, ИНГ груп, Piper Jaffray, ЦИБЦ, Манулифе, Ман груп, ВТБ, ТД, УБС, УС Банк, Сун Труст Банк, Regions Financial Corporation, Unum Provident, National Australia Bank, AMP Ltd, Бабкок енд Браун, Key Bank, Endurance Reinsurance Corp, Chubb Corporation, Ренессанс Капитал, Банка на Кипар, Капитал Ван
  • Bлада: Американска поштенска служба, Royal Mail, Одделение за имиграција и граѓанство, Royal Australian Mint
  • Здравствена нега: ХЦА, CVS Caremark, Lifepoint, Клиника Клевеланд, CSL Limited, УПМЦ, Cardinal Health, Smith & Nephew
  • Индустриски производи: АББ, Компанија Делфи, Компанија Еатон, Ели Лили, Сингента, ТетраПак, Хенсон, Лафарге, LVMH, Порше, Тхалес Груп, Allegheny Technologies, Сименс АГ, Шервин-Вилијанс, Bombardier, Magna International, Archer Daniels Midland
  • Медиум: Тајм Ворнер, Вирџин, Вивенди, Associated Press, Астрал Медиа, Варнер Брос. Рекордс, Ендемол, Ганет, Њус Корп
  • Недвижности: Керзон Глобал, Купман & Вејкфилд, Mid-America Apartment Communities, Емар, ГТП Халвертон, Херон, Мапелеј, Накхел, Simon Property Group, Вестфилд Груп, Tishman Speyer Properties, Фортрес Инвестмент Груп, Д.Р. Хортон, Маитас
  • Поединечна продажба и производи на потрошувачите: Amazon.com, Хилтон, Интерконтинентал Хотелс, Марот, МекДоналс, Некст, Старвуд, Таргет, Кока- Кола, Вол- Марк Тисон Фуд, Whole Foods Market, Зона Ауто, Чикос, Канон, Стаплес, The J.M. Smucker Co., Харли- Давитсон, DineEquity, Нисан Моторс, Пиер 1 Импортс, Бостон Бир Компани
  • Технологија: АМД, Апел инк, АСУС, Баиду, Фејсбук, Гугел, Хевлет - Пакер, Интел, Оакле, Филипс Електроникс, Сун Микросистем, Research in Motion, Тексас инструмантс, Тошиба, Унисис, УМЦ, Татунг, Интуит, компјутери на Апел
  • Телекоми: AT&T, France Telecom, Deutsche Telekom, Глобал Кросинг, Оранге, Телефоника, Теленор, Телстр, Верзон, Турски Телеком, Барти Аиртел, Вимпелком, Мегафон
  • Патување/ транспортирање: Американски Авиопревозник, Британски авиопревозник,

Кинески Авиопревозник, авиопревоник Континентал, авиопревозник Делта, Федекс, авиокомпанија Џетблу, авиопревозник Нортвест, Сканија АБ, Сингапурска авионска компанија, авиопревозник Саутвест, ПЗД

Име и марка[уреди]

Името на фирмата се состои од спојувањето на фирмите Ернст & Вилеи со Артур Јанг, во 1989г.

Персонал[уреди]

Во Бизнис Викс фирмата во 2008г. беше рангирано на првата позиција во годишната листа на 'најдоброто место за започнување на кариера'. Во Фортун фирмата за 2007 г. беше рангирана на 25 место на листата за '100-те најдобри компании, за кои вреди да се работи', и најдобра од Големите Четири. За 2008 г. фирмата беше на 36 позиција во Компјутерс Борт' за 100 најдобри работи места за ИТ. Исто така доби фирмата добра позиција, и тоа помеѓу 50-те најдобри фирми за наградата од 2007 г. за 'Каде жени сакаат да работат'. Фирмата беше назначена за едно од '10-те најдобри компании за работни мајки' од магацинот Воркинг Мотерс во 2006г.

Критики[уреди]

Equitable life[уреди]

Во април 2004 г. Еквитабле Лајф, осигурителна компанија во Обединетото Кралство, ја тужеше ЕЈ за целосно уништување откако Домот на лордови донесе одлука со која морале да ги платат гарантираните ануитети на сопствениците на полисите. Тие тврдеа дека ЕЈ си ја запоставувала својата должност како ревизорска компанија и бараа надоместок од околу 2.6 милијарди фунти. Еквитабле на крајот го откажа случајот во септември 2005 г. и двете страни се согласија да си ги платат своите давачки за судот. ЕЈ самиот случај го опишува како „скандалозно губење на времето, парите и ресурси за сите засегнати.“

Англо- Ирска Банка[уреди]

Во јануари 2009 г., при контроверзно криење на заемите од страна на Англо- Ирската Банка, ЕЈ беа критикувани од политичари и акционери на Англо- Иската Банка, што за време на својата ревизија не успеа да ги пронајдат големите заеми кон Син Фитц Паркер, претседател за време на ревизијата. Цената на уделот падна за 99 % и притоа Ирската Влада беше приморана да го преземе управувањето во банката. Тогашниот управител на одделот за Финансиското регулирање му кажа на парламентарниот комитет, дека „дури и прост човек би очекувал прашање со ваква големина и природа да биде пронајдено од ревизорите“ од ревизијата. ЕЈ одби да се појават пред истиот комитет по добиен правен совет. Одборот за Сметководствена Контрола започна испитување на случајот за „околностите под кои се давани заеми кон директорите на Англо- Ирската Банка“ и за известувањето на ЕЈ.

Спонзорство[уреди]

Дејствувањето на Ернст & Јанг на јавната бина ги вклучува своите светско познати програми, програмата на Претприемач на годината, што е познато низ 50 земји.

ЕЈ се рекламира себе си во ВБ, со спонзорирање на своето важно име, и тоа на уметнички изложби, пр. Сезан,Пикасо, Бонард и Моне. Оваа година на изложбата беа Родин, на Кралската Академија на уметностите и Реноир на Националната Галерија. Притоа ЕЈ себе си се рекламира со спонзорирање на образовно шоу за деца на ПБС Кидс под телевизиската марка ПБС Кидс ГО!, со цел да ги подобри математичките способности кај децата.

Забележливи сегашни и минати вработени[уреди]

Бизнис

  • Каран Билимориа, Барон Билимориа – основач на Кобра Бир
  • Ендру Клод – претседател и СЕО на Schlumberger (2003- уште на таа позиција)
  • Ед Грир – Претседател на Дизниленд Ризорт (2006-уште на таа позиција)
  • Крис Кубасик - CFO на Lockheed Martin (2001-уште на таа позиција)
  • Sean Wise - советник за инвестирање
  • Патриција А. Воерцт - CEO на Арчер Даниелс Мидленд (2006-уште на таа позиција)
  • Клеменс Волмут – Претседател и CEO на Telekom Austria Czech Republic (2006-уште на таа

позиција)

  • Вилијам Ц. Родес III – Претседавач и CEO на AutoZone (2006-уште на таа позиција)
  • Давид Самбол – Претседател и COO на Countrywide Financial Corporation (Ернст & Винеи)
  • Артур Бланк- еден од основачите на Home Depot, сопственик на The Atlanta Falcons
  • Луис Росен- Професор на Универзитетот во Мериленд
  • Џим Балсилие- еден од CEO (1992-уште на таа позиција)

Политики и јавни услуги

  • Џон Кампел – Член на Американскиот Дом на Претставници (2005-уште на таа позиција)
  • Аман Насир – Министер за трговија во Пакистан (2004-06)
  • Јун Чои – градоначалник на Едисон, Њу Џерси (2006-present)
  • Кристофер Чоп – Пратеник во британскиот Парламент (1983-92; 1997-уште на таа позиција)
  • Шејла Фрејзер – генерален ревизор во Канада (2001-уште на таа позиција)
  • Черил Гилан – Пратеник на британскиот Парламент (1992-уште на таа позиција)
  • Конрад Хевит – главен сметководител на берзата за хартии од вредност на САД
  • Џорџ МекКарти – главен секретар во Кајманските острови (2004-уште на таа позиција)
  • Едвард Х. Нталми - CEO, преѕставник од Кенија (2002-уште на таа позиција)
  • Џон Ховел – член на британскиот Парламент (2008-уште на таа позиција)
  • Марк Олсон - Претседател на Бордот за супервизија на сметководството за компани кои котираат на берза во САД
  • Худо Шилц – сенатор на Белгија (1992-95)
  • Јонатан Ву – генерален советник на американското министерство за домаќинсто и урбан

развој.

  • Цулфигар Али Буто – Претседател на Пакистан (1971-1973), премиер на Пакистан (1973-1977)
  • Сигберт Албер- генерален адвокат на Европскиот суд на правда и основач на водечката правна фирма во ЕУ за лобирање Алберт & Гајгер
  • Цесар Пурисима - поранешен менаџер на ЕЈ за Филипинската практика кој подоцна станал министер за финансии во владата на Претседателот Глорија Аројо (2004-2005)

Други

  • Кели Мекарти – мисица на Америка во 1994г.
  • Марис Мартинсонс – советник и професор по менаџмент

Користена литература[уреди]

New York Times, May 1989

New York Times, March 2000

Fortune: 100 Best companies to work for