Прејди на содржината

Дом на Народното собрание на Република Србија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дом на Народното собрание на Република Србија
Дом Народне скупштине Републике Србије (српски)
Карта
Поранешни називиНародно собрание на Југославија
Народно собрание на Србија и Црна Гора
Општи податоци
СтатусЗаконодавна зграда
ВидПарламент
Стилнеоренесанса и необарок
ГрадБелград
Земја Србија
Проектирање и изградба
АрхитектКонстантин Јовановиќ

Дом на Националното собрание на Република Србија (српски: Дом Народне скупштине Републике Србије) — седиште на Народното собрание на Србија. Зградата се наоѓа на плоштадот Никола Пашиќ во центарот на Белград, и претставува знаменитост и туристичка атракција. Помеѓу неговото завршување во 1936 и 2006 година, зградата била седиште на Парламентот на Југославија и Парламентот на Србија и Црна Гора.

Историја

[уреди | уреди извор]
Sculpture of a young, seated nude woman
Девојче со фонтана и стомна
Дебата во големата сала на собранието
Дебата во малата сала на собранието

Кралот Петар I го изградил Претставничкиот дом на Кралство Србија во близина на поранешната локација на голема Батал џамија. Првите планови за идниот Претставнички дом ги изготвил архитектот Константин Јовановиќ во 1891 година. Неговите планови биле малку ревидирани поради новиот државен устав кој наложува дводомен (наместо еднодомен) законодавен дом. Архитектот Јован Илкиќ победил на конкурс за дизајн во 1901 година, придржувајќи се до основниот план на Јовановиќ. Камен-темелникот на Претставничкиот дом бил поставен на јавна церемонија во 1907 година од страна на кралот Петар во присуство на други членови на кралското семејство и високи функционери. Изградбата траела до 1936 година, прекината со Балканските војни, Првата светска војна и Големата депресија. Првата сесија во новата зграда се одржала на 20 октомври 1936 година.[1]

Објектот има површина од 13.800 квадратни метри, и е дизајнирана во необарок стил. Неговиот ентериер, завршен во 1938 година, е дизајниран од рускиот архитект Николај Краснов. Краснов ги дизајнирал сите детали: лустери, ламби, рачки, прозорци и мебел. Неговите планови биле насликани во акварел, наместо во класичен технички цртеж со молив и линијар. Пратениците не чекале долго за да уживаат во новоизградениот Претставнички дом. По инвазијата на Југославија во 1941 година и за време на Втората светска војна, во Претставничкиот дом се наоѓала германската висока команда за југоисточна Европа. Зградата била оштетена за време на демонстрациите на 5 октомври 2000 година и се појавува на банкнотата од 5.000 српски динари. Зградата на парламентот била претставена во филмот „Кориолан“ од 2011 година.[2]

Надворешност

[уреди | уреди извор]
Stone steps leading to a porch with columns
Главниот влез

Куќата првично била дизајнирана од архитектот Константин Јовановиќ во 1891 година, но финансиските ограничувања ја спречиле нејзината изградба во тоа време. Нов дизајн бил предложен од Јован Илкиќ во 1901 година по уставниот амандман и создавањето дводомен парламент.[1]

По формирањето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците во 1918 година, парламентот бил зголемен и оригиналниот дизајн (во изградба) се сметал за несоодветен. Изменетиот дизајн бил направен од синот на Илкиќ, Павле, во 1920 година и изградбата продолжила до нејзиното завршување во 1936 година.[1] Скулптура од Тома Росандиќ, „ Igrali se konji vrani“ била додадена пред зградата во 1939 година.

Внатрешност

[уреди | уреди извор]
Sculpture of two horses playing with humans
Игра на Црните коњи, скулптура од Тома Росандиќ од 1938 година
Sculpture of two horses playing with humans
Големата сала во зградата

Внатрешноста на зградата е дизајнирана од архитектот Николај Краснов во академски традиционален стил. Опфаќајќи околу 13,400 квадратни метри, има четири ката: подрум, приземје, прв кат и поткровје, со мецанини под подрумот, помеѓу подрумот и приземјето и меѓу приземјето и првите катови. Зградата има 100 канцеларии, големи и мали сали и четири простории за средби. Библиотеката се наоѓа на првиот кат и содржи над 60.000 книги. Зградата е украсена со 23 фрески и голем број слики, скулптури и други ликовни дела.[1]

За време на немирите на 5 октомври во 2000 година, 91 уметнички предмети биле украден од собранието. Пронајдени биле триесет и пет, но 56 се водат за исчезнати.[3] Оштетена била и самата зграда.

Изградбата започнала на 27 август 1907 година, кога бил поставен камен-темелникот на зградата во присуство на Петар I Караѓорѓевиќ, престолонаследникот на Србија Ѓорѓи Караѓорѓевиќ, членови на парламентот и дипломатскиот кор. Нејзината повелба, запечатена во камен-темелник за време на церемонијата, ги носела имињата на кралот, митрополитот и главниот архитект Јован Илкиќ. Изградбата ја надгледувал белградскиот изведувач Васа Тешиќ. изградбата била одложена до крајот на Првата светска војна, со завршен само првиот кат. Изградбата била под влијание на формирањето на Кралството Југославија, кое барала да се измени проектот. По смртта на Илкиќ во 1917 година неговиот син, архитект на Министерството за градежништво Павле Илкиќ, го водел проектот. Неговите должности вклучувале правење на потребните промени и комплетирање на оригиналниот дизајн. Изградбата продолжила од 1920 до 1926 година, кога повторно била прекината. Одлука за следната фаза била донесена по смртта на Александар во 1934 година, кога изведувачот станал главен архитект во Министерството за градежништво Николај Краснов (1864–1939).[4] Триесетгодишното искуство на Краснов во дизајн на јавни згради (давање титули Архитект на Рускиот царски двор и „академик за архитектура“) довело до негова покана да работи на важни згради во српската престолнина и тој дал детали за внатрешноста на објектот. Националното собрание било посветено на 18 октомври 1936 година во присуство на Петар II, по 29 години изградба. Првата владина седница се одржала два дена подоцна, а до крајот на годината зградата била целосно завршена.

Архитектура

[уреди | уреди извор]
Details of four busts on the facade
Фасадни медалјони (одлево: Демостен, Цицерон, Атена и Перикле) од Ѓ. Јовановиќ
Српската гарда на честа пред зградата на Народното собрание

Централната зградата е доминирана од страна на трем со триаголен тимпан, над кој се наоѓа купола. Нејзиниот надворешен дизајн (со зелен камен од Рипањ) и формата на прозорците и пиластерите што се протегаат низ двете централни нивоа и завршуваат со покрив со корниз со балустера, укажуваат на моделите на неоренесанса и необарок. Хералдичките и вајарските украси на оригиналниот дизајн не биле извршени. Единствени украси од пластика се медалјони со слики на Перикле, Атена, Демостен и Цицерон, од вајарот Ѓорѓе Јовановиќ, на страничните рисалити. Скулптура над порталите на ангел со факел и маслинова гранка е дизајнирана од вајарот Петар Палавичини. Ограда од 1937 година со украсни канделабри и две гардероби со стилизирани фенери на врвот била дизајнирана од Краснов; оградата стоела сè до 1956 година, кога била тргната за плоштадот Маркс и Енгелс (денес плоштад Никола Пачиќ ). Во 1939 година, во близина на скалите била додадена вајарска група од Тома Росандиќ, „ Играјќи со црните коњи“.

Внатрешниот дизајн вклучува големи и мали сали и конференциски сали, централно предворие со врв на купола, полихромни sидови со столбови, пиластри, ниши и мермерен под. Собраниската сала, дизајнирана да собере 200 луѓе, била проширена за да прими 400.

Дизајните на мебел на Краснов ги рефлектираат современите белградски вкусови. Ѕидовите на собранието се украсени со дваесет фрески, изработени во текот на 1937 година од истакнати југословенски уметници. Поради својата архитектонска, културна, историска и уметничка вредност, зградата на собранието била прогласена за споменик на културата во 1984 година.

Поранешна зграда

[уреди | уреди извор]

Пред 2006 година, Народното собрание на Србија се состанувало во друга зграда на парламентот на улицата Крал Милан, додека нејзината сегашна зграда ја користела Федералното собрание на Југославија. Зградата на парламентот сè уште ја користи националното собрание за канцеларии и администрација.

Проектот за оваа зграда бил завршен во 1948 година, а неговата изградба е завршена кон крајот на 1953 година. Дизајниран е од архитектот Е. Азриел и е изграден од Градежниот институт на Србија. Зградата била позната како Канцелариска зграда на Претседателството на Владата на Народна Република Србија на улицата Маршал Тито (подоцна преименувана во улица Крал Милан). Првата сесија на Народното собрание во зградата се одржала на 20 март 1954 година; од 1945 до 1954 година се одржувале седниците на Националното собрание во Домот на Народното собрание на плоштадот Никола Пачиќ.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „History and cultural heritage of the National Assembly“ (PDF). National Assembly of Serbia. Посетено на 28 June 2013.
  2. Ralph Fiennes filming "Coriolanus" in Serbia
  3. „Državna umetnička riznica bez premca“. Večernje novosti. 21 March 2013. Посетено на 7 July 2013.
  4. А. Кадијевић, Естетика архитектуре академизма XIX-XX век, Београд 2005. Политика online, Belgrade from the Russian perspective, accessed on 11.10.2013. http://www.politika.rs/rubrike/Magazin/Beograd-iz-ruskog-ugla.lt.html Вечерње новости online, The influence of Russian architects in Belgrade, accessed on 11.10.2013. http://www.novosti.rs/vesti/kultura.71.html:351235-Uticaj-ruskih-arhitekata-u-Beogradu С. Г. Богуновић, Архитектонска енциклопедија Београда XIX и XX века, архитекти, том II, Београд 2005.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]