Демостен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Демостен
Биста на Демостен (Лувр, Париз, Франција)
Роден(а)384 BC
Атина
Починал(а)322 BC
Островот Калаурија (денес Порос)

Демостен (стр.грчки: Δημοσθένης; 384 г.пр.не-332 г. пр.не) e најславниот говорник и државник во Стара Атина.

Животопис[уреди | уреди извор]

Демостен учествувал во Битката кај Херонеја, во 338 година п.н.е. Во своето дело, „Пофалба на глупоста“, Еразмо Ротердамски вели дека Демостен бил слаб војник и дека, по советот на Архилох, побегнал од битката штом го здогледал непријателот.[1] Исто така, големиот говорник Есхин го обвинил Демостен дека не го заслужил златниот венец што го добил по Битката кај Херонеја, зашто побегнал од битката.[2]

Говори[уреди | уреди извор]

Демостен бил лотограф, писател на говори. Притоа, неговиот стил се одликувал со голема сила, едноставност и концизност.[3]

Еден од неговите најпрочуени говори е Третиот говор (Филипики) против Филип Втори Македонски во кој ја искажува големата омраза кон власта на Филип Втори Македонски и продорот на македонската војска во хеленските колонии во рамките на Македонското Кралство.[4] Во „филипиките“, Демостен зборува дека Филип утврдувал градови во областа Линкестида. Тој вели дека „Филип не е ниту Хелен, ниту има нешто со Хелените, не е ниту варварин, туку е од чумата македонска, од која човек ни роб не би купил“.[5]

На статуа, подигната во Атина во негова чест, е испишан натиписот: „Да беше твојата сила Демостене еднаква на твојата мудра цел, никогаш Грците не ќе беа управувани од македонскиот јарец.“ Статуата била изработена од бронза од страна на Полиектус, а била подигната во 280-279 г.п.е., по предлог на Демокарес, внук на Демостен.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 30.
  2. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 345.
  3. Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 117.
  4. H. Weil, Biography of Demosthenes, 5–6.
  5. Драги Арсов „Митологијата и постанокот на древниот македонски народ. Едно толкување аналогно на Шелинговата филозофија на митологијата“, Менора, 2010
  6. „Статуа на Демостен - натпис“, Македонски документи
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Биографии