Балустер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Илустрација на орнаментални балустри, 1898

Балустер (фр. balustre, од итал. balaustro од balaustra, "калинкин цвет", од лат. balaustium, од грч. balaustion) е калапено столпче, квадратно или кружно по облик, направено од камен, дрво или метал, кое го носи ѕидниот покрив на еден парапет или гелендерот на едно скалиште. Елементот секогаш се јавува збирно под името „балустрада“. Најраните примери за овој елемент ги гледаме во барелјефите на кои се претставени асирски дворци, каде биле користени како прозорски балустради и имале Јонски капители. Според наоѓањата, овој елемет бил непознат за старите грци и римјаните (Wittkower 1974), но примери од доцниот XV век наоѓаме на дворци во Венеција и Верона. Овие балустради од кватрочентото веројатно следеле сѐ уште нераспознаени готски претходници, и истите сочинуваат балустради и колонети како алтернатива на минијатурно аркадирање. Рудолф Витковер се воздржал од прогласување на изумителот на балустерот, но вели дека Џулијано да Сангало го употребувал доследно прилично рано, како на терасата на Медичиевата вила во Поџо а Кајано (~ 1480), а употребувал балустради дури и во реконструкции на антички градби. Витковер смета дека употребата на овој елемент прешла од Сангало во рацете на Браманте (на неговото Темпјето, 1502) и Микеланџело, иако балустрадата не почнала да се користи нашироко пред XVI век. Витковер разликува два типа на балустри: еден симетричен во профил со два вазолики облика едниот превртен врз другиот исправен, одделени со перничест тор или конкавен прстен, додека другиот тип се состои од едноставен облик на вазна, кој, според Витковер, прв го смислил Микеланџело.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]