Делчо Михајлов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Делчо Михајлов
Роден 27 ноември 1947
Скопје, СФРЈ
Починал 16 јули 2010
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање карикатурист
аниматор

Делчо Михајлов (роден на 27 ноември 1947 година во Скопје - починал на 16 јули 2010 година во Скопје) — македонски карикатурист, режисер на анимиран филм, аниматор, илустратор.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Делчо Михајлов е роден во Скопје во 1947 година каде и дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје во 1974 година. Својата прва карикатура, како еден од најспецифичните уметнички жанрови, ја објавил на 14 години, а од 1963 година започнал редовно да објавува карикатури во земјата и во странство. Учествувал на бројни конкурси, изложби и фестивали низ светот и е добитник на бројни награди. Учествувал на над 220 групни изложби, а имал и околу десетина самостојни изложби. Изложувал во Париз, Монтреал, Токио, Рим, Рио де Жанеиро, Франкфурт, Техеран, Брисел.

Автор е и на повеќе книги карикатури. Во 1977 година го создал својот прв анимиран филм како комплетен автор „Хомо Екраникус“, а по него следувале уште шест цртани филмови за продуцентот „Вардар филм" кои биле прикажани во официјална конкуренција на многу фестивали. Од 1995 до 2000 година Михајлов бил директор на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки" во Битола.

Добитник е и на највисокото државно признание „11 Октомври" за 30 години творештво во областа на карикатурата и на наградата „13 Ноември" на Град Скопје и на „Феникс" на Општина Центар[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Михајлов“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 970–971. Text "series " ignored (help)
  2. „Почина Делчо Михајлов, доајен на карикатурата во Македонија“. Идивиди. http://www.idividi.com.mk. 16.07.2010. Посетено на 2020-08-20. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help); Надворешна врска во |publisher= (help)