Гарц

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гарц
Грб на Гарц
Гарц се наоѓа во Германија
Гарц
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Укермарк
Месна заед. Гарц
Градоначалник Буркхард Флајшман (SPD)
Основни податоци
Површина 61,69 км2
Надм. височина 6 м
Население 2.438 (31 декември 2012)[1]
 - Густина 40 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. UM
Пошт. бр. 16307
Повик. бр. 03332
Портал www.gartz.de
Местоположбата на градот Гарц во рамките на округот Укермарк
Карта
Координати 53°12′00″ СГШ 14°23′00″ ИГД / 

Гарц (германски: Gartz) е град во округот Укермарк, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа на западниот брег на реката Одра, околу 20 километри јужно од Шчеќин (Штетин).

Преглед[уреди]

Постоењето на градот било прв пат документирано во 1124. Во 1249, Гарц добил градски права од војводата Барним Први од Померанија. Поради неговата стратешка местоположба на реката, градот бил често пати подложен на уништувања во текот на борбите.

Откако линијата Одра-Ниса станала германско-полска граница во 1945, Гарц станал пограничен град.

Преку реката се наоѓа индустриската област на полскиот град Грифино (Грајфенхаген). Гарц се наоѓа на територијата на националниот парк Долна долина на Одра.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]