Галоромански јазици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Галоромански
Геог.
распростр.:
Франција, северна Италија, Каналски Острови, делови од Белгија, Шпанија и Швајцарија
Класификација: индоевропски
Гранки:
Galo-Romance.png
Историското подрачје на развој на галороманските јазици.

Галороманските јазици се гранка на романското јазично семејство во која влегува францускиот и другите оилски наречја, окситанскиот, каталонскиот, франкопривансалскиот, галоиталските говори[1] и други јазици (социолекти).

Други можни класификации[уреди]

Некои стручњаци го ставаат каталонскиот[2] заедно со окситанскиот во подгрупата на окситанскоромански јазици.[3]

Историска распределба[уреди]

Во минатото, разните галоромански јазици се говореле ширум Франција (со исклучок некои периферни подрачја),[4] во регионите Валонија во Белгија и Романдија во Швајцарија, на Каналските Острови, во делови од шпанските Пиринеи и во северна Италија.[5]

Денес, во ова поголемо географско подрачје предоминира само еден галоромански јазик (францускиот) (вклучувајќи ги и поранешните неромански јазични подрачја во Франција), кој воедно се има проширено и во разни прекуморски земји. Друг јазик од оваа група (франкопровансалскиот) сè уште е застапен во автономниот регион Аостинска Долина (Италија). На Каналските Острови денес се говори претежно англискиот, кој е јазик од германското семејство.

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. G.B. Pellegrini, "Il cisalpino ed il retoromanzo, 1993". See also "The Dialects of Italy, edited by Maiden & Parry, 1997
  2. Pierre Bec, La langue occitane, éditions PUF, Paris, 1963. стр. 49–50.
  3. Charles Camproux, Les langues romanes, PUF 1974. стр. 77–78.
  4. Места кајшто галороманските јазици не се говореле се Корзика, западна Бретања, Северна Баскија, Француска Фландрија, Алзас и делови од Лорена.
  5. Bec, стр. 9–11.