Вулфтен на Харц се наоѓа на југозападните падини на планинскиот масив Харц и на северозападниот дел од ридовите Ротенберг. Реката Одра тече низ селото. Најблиски градови се Остероде (12 км), Херцберг на Харц (15 км) и Гетинген (30 км).
Вулфтен на Харц бил спомнат по првпат во 889 година: источнофранкискиот крал Арнулф му ги подарил селата Калефелд и Вулфтен на грофот Адалгар.
Во 1502 година била основана црквата „Св. Егидин“ од благородниците Харденберг.
Во 1567 година влегло во состав на кнежевството Грубенхаген. Вулфтен по реформацијата е главно лутерански (во 2004 г., 78,5%).
Во 1626 година, Јохан Церклас фон Тили, водејќи кон Битката кај Лутер на Баренберге ја поминал реката Одра кај Вулфтен. Бил неколкупати опљачкан во текот на Триесетгодишната војна.
На 1 декември 1868 година, Вулфтен добил железница со линијата Нортхајм-Херцберг на Харц. Линијата Вулфтен-Дудерштат била отворена на 31 октомври 1889 година.
Во 1933 година дошле нацистите во Вулфтен: на 7 јули 1933 година, сите членови на Германската демократска партија од Општинскиот совет биле распуштен со полициска наредба.
Од 1972 година, општината Вулфтен е дел од општинската заедница Хаторф на Харц.
Од 1 октомври 2004 година, селото го има официјалното име Вулфтен на Харц.