Второ послание до Солунјаните
| Нов Завет
|
|---|
| Книги |
| Manuscripts |
Второто послание на апостол Павле до Солунјаните е книга од Новиот Завет, и е напишана од страна на апостол Павле. Авторот на посланието се смета дека бил апостол Павле бидејќи и самото послание започнува со стихот: „Павле и Силван и Тимотеј до црквата на Солунјаните во Бог, нашиот Татко, и Господа Исуса Христа“.
Ова послание се надоврзува на Првото послание на апостол Павле до Солунјаните, и според податоците било напишано најверојатно во Коринт, во околу 50 година и спаѓа во најстарите новозаветни текстови.
Градот Солун во Македонија бил вториот град во Европа каде апостол Павле основал христијанска заедница. По неколку месеци од првото послание, апостол Павле го напишал и второто послание како одговор на двоумењето на Солунјаните околу повторното доаѓање на Исус. Апостол Павле потенцирал дека тоа нема да се случи толку бргу како што тие сметале, и кажува дека пред доаѓањето ќе се појават јасни знаци. Тој нагласил дека Господовиот ден нема да дојде “додека најнапред не дојде отпаѓањето и не се открие човекот на гревот, синот на погибелта, кој се противи и се превознесува над сè, што се нарекува Бог или светост, за да седне како бог во Божјиот храм, покажувајќи се дека е Бог.”
Апостол Павле во посланието предупредува:
| “ | Никој да не ве измами ниту по каков начин, зашто тоа не ќе се случи додека првин не дојде отпаѓањето и не се појави човекот на беззаконието, синот на погибелта | ” |
Посланието е поделено во три глави. Во првата глава, Павле му се заблагодарува на Бог што се зголемува љубовта и верата помеѓу жителите на Солун. Во втората глава го објаснува повторното доаѓање на Исус Христос, додека пак во третата упатува критика:
| “ | Зашто и кога бевме со вас, ви го заповедавме ова: ако некој не сака да работи, нека и не јаде! Имено, слушаме дека некои меѓу вас живеат неуредно, ништо не работат, туку се занимаваат со празни работи. | ” |