Википедија:Принципи и напатствија

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај

Информации: Вовед  · Почетен курс  · Помошна табела  · Вашата прва статија  · ЧПП  · Помош  · Портал  · Принципи и напатствија

Форуми: Селска чешма (Village pump)  · Прашања  · Биро за помош  · Биро за консултации  · Помош за нови уредувачи

Интеракција: Кандидати за избрана статија  · Вики-средби  · ВикиПроекти  · Потребни статии  · Тековни настани

Администрација: Администратори  · Потреба од администраторско внимание  · Прашања за авторски права

Принципи и напатствија  · Листа на принципи  · Листа на напатствија


✔ Оваа страница документира официјален принцип на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:ПН
ВП:ПИН

Википедија претставува континуриан, бескраен процес — ако напишете нешто добро, можно е тоа да постои со векови! Додека уредувате, Ве молиме имајте ги на ум следниве работи и наскоро ќе забележите дека правите корисни придонеси на проектот.

Примарната цел на Википедија е да создава висококвалитетна енциклопедија, па повеќето страници се енциклопедиски статии. Сепак, бидејќи не постои официјална структура која го дефинира квалитетот на статиите, заедницата на Википедија создаде сопствени правила, процедури и вредности кои продолжуваат да еволуираат. Некои од овие вредности се неформални и наскоро ќе ги научите преку набљудување, прашување или преку известување од други корисници. Останатите се формални (и се опишани преку страници чии наслови го имаат префиксот „Википедија:“, како оваа страница). Овие страници го отсликуваат здравиот разум во врска со тоа како Википедија функционира и што се обидува да направи, но го отсликуваат и насобраното искуство на стотици уредувачи кои постојано учат и ги рафинираат основните вредности, нешто што ни помага да избегнуваме или разрешуваме конфликти околу содржината и што не води во нашиот постојан труд да подобруваме енциклопедиски статии.

Не постои строг комплет од правила. Наместо тоа, постојат принципи и напатствија:

  • Принципите се општоприфатени стандарди што сите уредувачи треба да ги следат. Тие ги отсликуваат основните идеи врз кои е базиран проектот. Некои од нив се специфично создадени и имплементирани од Фондацијата Викимедија, фондацијата чиј проект е Википедија;
  • Напатствијата се советодавни страници кои илустрираат кои се најдобрите начини за да се направи нешто, но не мора стриктно да се почитуваат како приципите (иако нивната примена е пожелна). Кога принцип и напатствие се во контрадикторност, преседан зема принципот. Напатствијата кажуваат како да се спречат или решат проблеми и како да се применат и извршат принципите во специфични околности.
Страниците за принципи и напатствија се препознаваат по овие белешки кои се наоѓаат на нивниот врв. Горе: белешка за напатствие, долу: белешка за принцип.

Овде можете да видите како луѓето прават работи кои просто не се во согласност со овие напатствија, но кои можат да бидат во согласност со принципите на Википедија. Во многу случаи, добро-информирани и добронамерни уредувачи кои работат на некоја статија треба само да се согласат меѓусебно за најсоодветниот начин на подобрување на статијата.

Запомнете: Држете се до општоприфатените стандарди и прифаќајте ги формалните и неформалните совети. Ако некое правило Ви пречи во подобрувањето или одржувањето на Википедија, искористете здрав разум и игнорирајте го.