Ванко Ганчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ванко Ганчев
Роден 21 декември 1898
Севастопол, Украина
Починал 1954
Бугарија

Ванко Ганчев, познат како Аспарух, — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Внатрешната македонска револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ганчев е роден во Севастопол, тогаш во Руската Империја, во семејство на бесарабски Бугари. Во 1917 година завршува средно училиште во Ногајск и почнува да студита при Политехничкиот институт во Петроград, но не завршува поради избувнувањето на болшевичката револуција и подоцнежната граѓанска војна. Учествува во војната како кавалерист во Црвената армија и се бори со силте на Нестор Махно. На крајот на 1919 година емигрира во Бугарија, за да продолжи своето образование. Работи како учител во Лом и Бела Слатина, а од септември 1920 - во прогимназијата во Петрич. Таму директорот е Атанас Маџаров, пунктовен началник на ВМРО во Петрич кој го привлекува кон револуционерната организација.

Во 1922 година Ганчев, го добил прекарот Аспарух, влегува во серската чета на Михаил Скендеров, а подоцна станува секретар во четата на Иван Келпеков, која дејствува во Драмско. Во Драмско четата води неколку борби со грчки војници, најголемиот судир бил во селото Трлис во мај 1923 година. На крајот на истата година Ганчев е префрлен во четата на Алеко Василев и учествува во одбивање на српските вооружените групи кој имале задача да ликвидираат дејци на ВМРО во Пиринска Македонија.

На 12 мај 1925 година Аспарух Ганчев е назначен за полномошник на ЦК за Неврокопска околија и е избран за претседател на Неврокопскиот околиски револуционерен комитет. Следната година бил назначен за Кавалски околиски војвода. Ганчев создал бази околу Неврокопско - Девин, Доспат, Батак и Велинград. На Осмиот конгрес на ВМРО во април 1932 година Ганчев е прогласен за Солунски окружен војвода.

По 19 - то мајскиот државен удар во 1934 година Ганчев е интерниран во внатрешноста на Бугарија. Во текот на Втората светска војна Ганчев се населува во Сер, а во 1942 година го посетува Иван Михајлов во Загреб.

По 9 - то септемврискиот државен удар во 1944 година Ганчев се населува во Русе, каде се занимава со земјоделство. Од септември 1947 година е наставник по руски и математика во гимназијата во Две Могили, Русенско, а од 1948 е учител во Исперих. Во 1950 година е уапсен од страна на комунистичките власти и на политички процес е осуден на смрт и погубен во 1954 година [1]. Ванчо Михајлов за него напишал:

На патот за Банско се сприjaтелиvме со Ганчева, ми остана во меморијата, дека тој може во иднина да се смета како една од најдобрите сили во нашите редови, особено за организирање на борбени групи и за водењето во борбите... [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Биографични данни от библиотека на ВМРО-София[мртва врска]
  2. Михайлов, Иван. Спомени, том ІІ, Белгия, 1965, стр. 235.