Валентино Роси

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Валентино Роси (роден 16ти Февруари 1979 година во Урбино) е италијански професионален мотоциклист и повеќекратен светски Шампион во МОТО ГП. Тој е еден од најуспешните мотоциклисти со девет светски гран-при шампионати зад неговото име – седум од нив се во премиер класата.(кралска).

Следејќи ги стапките на неговиот тактко Грацијано Роси, Роси почна да се трка во гран-при во 1996 година за фабричкиот тим на Априлиа во категорија до 125 цц и ја освои својата прва титула во светскиот шампионат уште следната година. Од таму се префрли во категоријата до 250 цц во фабричкиот тим на Априлиа и го освои светското првенство во 1999 година.Во 2001 година го освои светското првенство до 500 цц со тимот на Хонда, а во 2002та и 2003та година ги освои мото гп светските првенства исто така со тимот на Хонда.По напуштањето на тимот на Хонда и приклучувањето во тимот на Јамаха ја продолжува својата серија на освојување на шампионатите едно по друго во 2004та и 2005та и повторно освојуваќи титула во 2008та и сочувувајќи ја во 2009та. Тој си оди од тимот на Јамаха и за да се приклучи на тимот на Дукати во сезоната 2011.

Роси е прв во листата на сите времиња со 79 победи во категоријата до 500цц/ Мото ГП и втор на листата на севкупни победи со 105 победи (зад Џакомо Агостини со 122).


Содржина

[уреди] Кариера

[уреди] Раните години

Валентино Роси е роден во Урбино и тобил упте дете кога неговата фамилија се преселила во Тавулија. Син на Грациано Роси поранесен мотоциклист, тој започнува да вози на многу рана возраст. Првата лјубов кон возењето беше картингот. Потикнат од неговата мајка Стефаниј, Грациано купува картинг во замена за моторцикл, како резултат на мајчината грижа за безбедноста на нејзиниот син . Сепак, карактерот на семејството Роси за желбата постојано да се вози побрзо ке предизвикаат редизајн; Грациано го замени моторот од 60цц со нов 100цц картинг мотор за тогаш неговиот 5 годишен син.

Роси победува на регионалниот шампионат во картинг во 1990 година. По ова тој се издигнува во мини мото категоријата и до пред крајот од 1991 година освојува бројни регионални трки. Роси продолжува да се трка со картинг и завршува петти на националниот шампионат во картинг во Парма. И Валентино и Грациано почнале да гледаат за префрлување во италјанската 100цц категорија како и во соодветните европски категории кој највероватно би го турнале во насока на Формула 1. Сепак високата цена на тркачките картинзи го доведоа до одлука да се трка исклучиво во мини мото категоријата. Во период од 1992 и 1993 година Валентино продолжува да ги учи деталите на мини мото трките.

Со помош на неговиот татко, Вирџинио Ферари, Клаудио Кастиглиони и Клаудио Лусуарди(кој беше на чело на официјалниот Каџива Спорт производствен тим) во 1993 вози Каџива Мито 125цц мотоцикл, кој го оштетува при несреќата во првиот свиок не повеќе од стотина метри од бокс линијата. Тој заврши како деветти тој викенд. Иако првата сезона во италијанскиот шампионат на спортско производствени тимови беше неизвесна, тој постигна пол- позиција во последната трка од сезоната во Мисано, каде што ќе заврши на подиумот. Во втората година Роси беше снабден со фабрички Каџива Мито од страна на Лусарди со кој го освојува италјанскиот шампионат.


[уреди] Светски шампионати во категории до 125цц, 250цц и 500цц

Во 1994 година, Априлиа преку тимот Сандрони го искористил Роси за да го подобри совојт RS125R а за возврат му дозволил да научи да се справи со новото брзо темпо на 125цц трки. Во 1994 година за време на италјанскиот шампионат беше дел од тимот Сандрони и продолжи да вози за него во 1995 година во европскиот и италјаснкиот шампионат.

Роси имаше некаков успех во светскиот шампионат во 1996 година, неуспеваќи да заврши пет трки од сезоната и паѓајќи неколку пати. И покрај ова во август го освои своето прво гран-при од светскиот шампионат во Брно Чешка со својата AGV Aprilia RS125R. Тој ја заврши сезоната на деветтата позиција и продолжи да доминира во светскиот шампионат до 125цц во следната година во која победи на 11 од 15 трки.

До 1998 година Aprilia RS250 го достигнуваше својот врв имајќи ги во својот тим Валентино Роси, Лорис Капироси и Тетцуа Харада. Смртта на двајца негови пријатели во сообрајќана несрејка имаше последици врз него. Тој ја завршува сезоната на второто место во во 250цц категоријата само 3 поени зад Капироси. Сепак во 1999 година ја освои титулата со 5 пол позиции и 9 победи.

Поради неговиот успех во класата до 250цц во 2000та година Роси беше награден со место во тимот на Хонда во тогаш најдобрата класа во светскиот мото шампионат до 500цц. Џереме Бургес му го престави NSR500 и беше убеден дека во комбинација со Роси ќе донесе ништо друго освен успех. Пензонираниот светски шампион во класата до 500цц Мајкл Духан на кој исто така го имаше Џереми Бургес за главен инженер работеше со Роси како негов личен ментор во првата година во Хонда. На Роси ќе му биде прв пат да се трка против Макс Биаџи, друг италијански возач со кој често беше споредуван од страна на новинарите. Ќе бидат потребни девет трки пред Роси да победи со својата Хонда но како и неговите предходни сезони во 125 и 250цц , ќе се создадат услови за втора посилна сезона каде што завршува на второто место зад американецот Кени Робертс, Џуниор.

Роси го освои своето прво светско првенство во класа до 500цц во 2001 година (победувајќи 11 трки) во последната година од таа класа. Во следната година двотактените 500цц мотори беа сеуште дозволени , но таа година се виде почетокот на новата Мото ГП класа со четиритакни 990цц мотори со што 500цц машини беа застарени.Во 2001 година Роси се здружи со американскиот возач Колин Едвардс во осум часовната трка на издржливост во Сузука возејќи ја Хонда VTR1000SPW. Едвардс и Роси победија на трката и покрај недостатокот на искуство на Роси во Superbikes трките.

[уреди] Мото ГП

[уреди] Хонда(2002-2003)

Воведната година за Мото ГП моторите беше 2002 година кога возачите се соочува со проблеми навикуувајќи се на новите мотори. Роси победи на првата трка и продолжи со освојување на осум од првите девет трки во сезоната, грабнуваќи 11 победи вкупно.

Во 2003 година беше речиси истата ситуација за конкурентите на Роси кој освои девет пол позиции како и девет ГП победи со што го освои третото последователно светско првенство. Австралиското ГП на Филипските Острови во 2003 за многу набљудувачи се смета за еден од најголемите моменти во кариерата на Роси поради уникатните околности. Откако му беше дадена казна од десет секунди за претекнување за време на истакнатото жолто знаме поради несреќата на Трој Бејлис од Дукати, второпласираниот Роси продолжи да форсира и ја заврши трката со повеќе од петнаесет секунди предност анулирајќи ја казната и победувајќи на трката.

Во текот на втората половина од сезоната 2003 имаше многу шпекулации за плановите за иднината на Роси. Некои лујѓе се сомневаа дека ке успее во својот обид да ја освоии третата последователна титула и се прашуваа во кој тим е неговата иднина. Со неговиот договор со Хонда истекуваше на крајот од годината и постоеја гласини дека Роси станал помалку разочаран од неговиот мотор во Хонда. За време на неговиот мандат во Хонда тој успешно “возеше” по својот зацртан пат обезбедувајќи и на Хонда титула во светското првенство во класа до 500цц како и последователни титули во Мото ГП светското првенство.

Здружен со зголемениот скептицизам дека причината за неговиот успех беше доминацијата на RC211V наместо Роси, беше неизбежно дека Хонда и Роси ке се разделат. Гласините во средината на сезоната посочија кон можен премин во Дукати што ги доведе италијанските медиуми до лудило; идејата големиот Италијанец на силен италијански мотор изгледаше премногу добро за да биде вистинито. Дукати навистина проба да го заведе Роси за да го вози нивниот Мото ГП мотор, “Desmosedici”, но поради голем број причини Роси ја одфрли понудата, критичарите велат дека во споредба со другите произведители Дукати имаше долг пат пред да стане конкурентен дури и со Роси на помош. Ова се покажа како точно со незначајните перформанси на Дукати во сезоната 2004та, кои всушност беа полоши од воведната година во Мото ГП во 2003 година.

Во неговата афтобиографија “ Што Ако Никогаш Не Се Обидев”? Роси нуди уште една причина за изборот на Јамаха наместо Дукати потенцираќи дека начинот на размислување на Ducati Corse е премногу сличен на оној од Хонда од кој се обидуваше да избега. На крај Роси потпиша две годишен договор со конкурентите Јамаха наводно во вредност над 12 милони американски долари, цена која ниеден друг производител па дури ни Хонда не беше подготвен да плати.

[уреди] Јамаха (2004-2010)

Традиционалниот почеток на сезоната во Сузука беше откажан од безбедносни причини поради фатална несреќа на Даџуро Като, стартот на сезоната 2004 започна во Велком во Јужна Африка. Роси победи на трката, станувајќи единствен возач со последователни победи за различни производители, поведувајќи на последната трка од предходната сезона возејќи за Хонда. Роси ќе победи уште осум ГП трки од сезоната и првенствено борејќи се со Сете Жиберно за влакно ќе го освои првенството во инзворедната трка на Филипските Острови. Роси ја заврши сезоната со 304 поени, Жиберно со 257 и Макс Биаџи на третото место со 217 поени.

Во гран-при мотоцикличката сезона од 2005та Роси го освојува своето седмо светското првенство и 5то последователно Мото ГП првенство. Заврши со 367 поени, 147 поени пред второпласираниот Марко Меландри (220 поени) и Ники Хејден на третата позиција со 206 поени. Роси ја започнува Мото ГП сезоната во 2006та како фаворит за освојување на шампионатот, но тој имаше проблеми во првата половина од првенството. Хејден ги имаше поголемиот дел од поените од повеќето трки низ сезоната, а Роси полека се искачуваше до врвот. Роси конечно го завзема второто место во генералниот пласман зад Хејден на трката во Мотеги. Во португалското гран-при највозбудливата трка од сезоната Хејден беше соборен од својот клубски колега Дани Педроса со што не ја заврши трката. Ова доведе Роси да ги освои водечките поени во генералниот пласман. Сепак, во Валенсија, последната трка од сезоната, Роси паѓа рано во трката со што Хејден го освојува Мото ГП шампионатот од 2006та. Роси завршува како второпасиран.

Во Мото ГП сезоната 2007 Роси ја вози својата нова Yamaha YZR-M1 800 цц. Во првата трка од сезоната во Катар, Роси завршува втор зад Кејси Стонер возејќи Ducati Desmosedici. Роси подеди во Шпанија, втората трка од сезоната, и ќе победи уште 3 трки од сезоната. Стонер доминираше таа сезона со 10 победи, освојувајќи ја својата прва титула со предност од 125 поени од второпласираниот Дани Педроса. Победата на Педроса на последната трка во Валенсија во комбинација со откажувањето на Роси ќе го турне Роси на третото место со разлика од само еден поен. Ова беше најнизок пласман на Роси на шампионатите уште од неговата прва сезона во 1996 година во категорија до 125 цц. Неговиот мотор беше недоволно конкурентен, посебно во максималната брзина споредено со Хонда или Дукати, поради што тој се закани дека ќе замине од Јамаха ако тие не направат подобар мотор.

Во 2008та Роси користи Бриџстоун гуми. За него сезоната започнува бавно со петто место во Катар, но неговата прва победа е во Шангај и на следните две трки. Од таа трка трка, Роси на секоја останата завршува на подиумот (освен во во Холандија во Асен каде што падна и ја заврши трката на единаесеттото место) победувајќи на вкупно девет трки од сезоната. Неговите победи во Лагуна Сека (по претекнувањето на Стонер во свиокот “Corkscrew” кој падна но продолжи и го освои второто место) и поради дожд скратената трка во Индианаполис значеше дека има победено на секоја стаза во сегашниот календар. Победата во Мотеги беше негова прва победа на Мото ГП мотор. Победата во Мотеги му ја донесе првата тутула во Мото ГП на со мотор од 800цц, шестта во главната категорија и осма вкупно.

На осми јуни 2009та, Валентино Роси возеше Јамаха во почесен круг на познатата стаза Isle of Man TT заедно со италијанскиот пријател и мото легенда Џакомо Агустини што беше наречен “Круг на Боговите”.

Во сезоната од 2009та Роси победи на шест трки и ја освои својата девета титула победувајќи го својот тимски колега Хорхе Лорензо кој заврши на второто место со разлика од 45 поени. Шест победи е најмалиот број на победи што Роси го имал во шампионат во кој тој го освоил. Предходниот резултат со најмал број на победи, девет, беше во 1999 година во класата до 125 цц и во 2003та, 2004та и 2008та во Мото ГП. Неговата победа во 2009та во Холандија во Асен беше стотата победа за Роси го направи само натпреварувач во мото гран-при историјата со сто победи.

Сезоната во 2010та започна со врвни резултати на тестирањата пред почеток на сезоната. Победи на прваа трка во Катар по падот на Кејси Стонер кој беше лидер во подетниот дел на трката. Роси го повреди своето рамо и грб веднаш презакажувањето на Јапонското гран-при за во октомври поради застојот во авио сообраќајот предизвикан од втората ерупција Eyjafjallajökull во Ислан. Следните две трки Роси ги губи од својот тимски колега Лорензо, додека Роси се жали на болки во рамото. На почетокот повредата не се сметаше за посериозна и се очекуваше да закрепне за неколку недели, но кинењето на лигаментот на рамото не заздрави доволно.

На 5 јуни 2010 година на домашната трка во Муџело , на втората слободна тренинг сесија Роси паѓа во Биондети возејќи околу 190 км/ч. Роси страдаше од повеќе кратна скршеница на неговата десна подколеница и беше негуван по хируршката интервенција во болница во Католика блиску неговиот дом по што беше дигностицирано дека најверојатно ќе го пропушти поголемиот дел од сезоната. Тоа беше прв пат Роси да пропушти трка во својата гран-при кариера. Сепак, пред британското гран-при, репортерката Сузи Пери во својата колумна за Дејли Телеграф изјави дека Роси планира да се врати на трката во Брно. Роси го потрврди истото само една недела подоцна. На 7 јули, Роси возеше во Мисано на светскиот супербајк шампионат на Yamaha YZF- R1 подготвена од Јамаха светскиот субербајк тим за да го провери закрепнувањето на на неговата нога. Тој извоза 26 круга во два наврати, со најдобро време на кругот што заостануваше околу 2 секунди зад времињата на другите скорешни времиња на стазата. На крај на сесијата Роси се пожали на неудобност, изјавувајќи дека чуствува болки на ногата и раменото. На 12 јули Роси прави уште еден тест во Брно по што објавува дека е посреќен и дека е во поголема форма. По прегледите од главниот медицински доктор во четвртокот пред викендот, Роси се враќа на германското гран-при, две трки пред планираното и само 41 ден после несреќата. Тој успева да заврши на четвртото место по битката со Кејси Стонер за третото место. Тој додава уште една победа зад неговото име во Сепанг, Малезија собирајќи 10 подиуми во целата сезона, вклучувајќи ги петте последователни подиуми со оној на последната трка од сезоната и завршува како трет во генералниот пласман.

[уреди] Дукати ( 2011-)

На 15 август 2010 година, по трката во Брно, Роси потврди дека ќе вози за Дукати Корс со потпишувањето на двегодишен договор почнувајќи од 2011та и ќе му се приклучи на поранешниот тимски колега од Хонда во тимот. На 9 ноември во Валенсија прв пат го тестира Desmosedici и од неговиот прв настап во 1999 година прв пат на италијански моторцикл. Роси беше опериран на своето рамо што го повреди во сезоната 2010та со цел да биде спремен за пред сезонските тестирања во Малезија. По добар напредок на првичните тестирања, на вториот тест Дукати потфрли пред очекувањата на тимот и го остави Роси незадоволен фавршувајќи со заостаток од 1.8 секунди зад Хондата на Кејси Стонер.

Роси ја започна сезоната со седмо место во Катар по кое следеше петто на влажната стаза во Јерез, и покрај судирот со Кејси Стонер за кој Роси подоцна се извини. Следеше уште едно петто место во Португалија, па трето во Ле Ман профитирајќи од судирот на Дани Педроса со Марко Симончели по што Педроса се одкажа а на Симончели му беше дадена казна да помине низ гаражите. Следните четири трки Роси ги заврши во најдобрите шест, четврти Во Асен, деветти Сачесенринг, две шестти места во Лагуна Сека и Брно и десетто место во Индианаполис.

Заврши на седмото место во Мисано по што беше десетти во Арагон и откажувањето во првиот круг во Јапонија по контактот со Хорхе Лорензо и Бен Спајс по која несреќа имаше мала повреда на прстот на раката. Тој се откажа поради падот на средина од трката во Австралија. Во Малезија се квалифукува како девети но учествуваше во сударот со Марко Симончели и Колин Едвардс во вториот круг од трката. Симончели беше четврти кога падна во попречувајќи го патот на Едвардс и Роси кои и двајцата удираат во неговата Хонда. Во инцидентот кацигата на Симончели испаѓа. Симончели подоцна им подлегна на повредите здобиени во несреќата а трката беше откажана. Во последната трка од сезоната Роси се откажа по инцидентот на Алваро Баутиста во првиот свиок кој падна од својот и мотор и со тоа ги повлече Роси, неговиот клубски колега Хејден и Ренди Де Пуниет. Неговото откажување значеше дека Роси ја заврши сезоната без победа за прв пат во во својата гран-при кариера завршувајќи седми во генералниот пласман.

[уреди] Конкуренти

Предходно во неговата кариера Макс Биаџи се сметаше за главен конкурент на Роси. Еднаш на неговиот веб сајт дури го немаше името на Макс, наместо тоа XXXX XXXXX стое на местото кога неговото име требаше да се спомне. Иако тие не се имаа тркано еден против друг дури до 2000та , ривалитетот помеѓу нив растеше уште од средината на 90тите. Ривалитетот помеѓу нив исчезна со освојувањето на последователните светски шампионати и борбата на Биаџи да најде поддршка и постојаност во неговите трки.

Во неговата автобиографија “Што Ако Никогаш Не Се обидев” голем број на причини за ривалитетот со Биаџи и некои од инцидентите кои довеле ескалација. Ривалството е истот така прикажано во документарецот од 2003та “Побрз”.

Најголем конкурент на Роси во сезоната од 2003та и 2004та беше Сете Жиберно возејќи за тимот на Гресини Мовистар Хонда на RC211V за кој Жиберно помогна да се развие во 2005та. На почетокот тие беа пријателски расположени во гаражите и надвор од нив – Жиберно на неколку наврати се забавувал со Роси во италијанската ибица, но нивниот однос се влошил за време на сезоната во 2004та и кулминираше при “инцидентот во Катар” тимот на Роси, како и Макс Биаџи беа казнети да ја започнат трката од крајот на колоната поради што ја “чистеле својата стартна позиција”. Повеќе тимови вклучувајќи го тимот на Жиберно Гресини, како и официјалниот Репсол Хонда фабрички тим успешно се пожалија Роси да биде казнет. Тој и неговиот главен механичар Џереми Бургес инсистираа дека тие не правеле ништо повеќе од другите кога се тркале по валкана патека.

Од тогаш тие двајца не проговорија и Роси се одлучи да го искористи овој инцидент за психички да го притисне Жиберно.Тој се заколна дека по трката во Катар во која Жеберно победи, додека Роси падна откако се искачи на шестото место, ќе направи се за Жиберно никогаш повеќе да не се искачи на највисокото место на подиумот.Во 2006та Жиберно се откажа од гран-при натпреварувањето по неуспешната сезона со Дукати и сериозната повреда со која се здоби. Тој не победи на ниедна трка по Катар, ојбаснивајќи во исталијанските и шпанските медиуми дека се повикува на клетвата од Катар.

Во 2007та Кејси Стонер не појавува како конкурент на Роси. Младиот Австралијанец возејќи Дукати победи на првата трка на сезоната по која следеа многу победи и ја освои титулата во Мото ГП истата година. Ривалството помеѓу Стонер и Роси достигна драматична кулминација на патеката Лагуна Сека во 2008та. По бројните промени на позициите Роси го претекна Стонер во свиокот “The Corkscrew”. Храбриот потег предизвика Роси да излезе од патеката на земјата во внатрешната страна од десниот свиок, а при враќањето на патеката се приближи до Стонер што за малку не предизвика судир помеѓу двајцата. Неколку круга подоцна Стонер излета во земјата по бавниот влез во 11от свиок. Стонер продолжи и заврши како втор додека Роси победи. По ова Кејси Стонер искоментира “Ја загубив почитта за еден од најголемите возачи во историјата”. За оваа изјава Стонер му се извини на Роси на следната трка.

Во 2008 година , Хорхе Лорензо му се приклучи на Роси во фабричкиот тркачи тим на Јамаха со што започна ново ривалство. Роси ја зеде титулата од 2008та додека Лорензо имаше две сериозни паѓања во Лагуна Сека и Кина. Во 2009 година Роси и Лорензо продолжија со непријателството но на крајот Роси излезе како шампион шште еднаш. Во 2009 година Роси го победи неколку блиски битки во Валенсија, Асен, Сачсеринг и најзначајната домашна трка на Лорензо во Каталуња, во која го претекнува во последниот свиок и победува на трката. Во 2010 година конечно Лорензо излегува како победник во битката за шампионатот откако Роси го повреди рамото на тренинг со мотокрос, а подоцна кршејќи ја неговата писка опаснтата несреќа во Муџело и пропуштајќи 4 трки.

[уреди] Прекари

Валентино Роси имал повеќе прекари за време на својата тркачка кариера. Првиот значаен прекар беше “Росифуми” (Rossifumi). Тој објасни дека потеклото на овој прекар одаѓа како почит кон својот колега Норифуми Ејб. Неговиот следен прекар се појави во деновите кога се натпреваруваше во категорија во 250цц. “Валентиник” се однесуваше на италијанскиот херој Пајо Паторот “Папериник”.

Од својата доминација во категоријата до 500 цц и Мото ГП Роси го употребуваше прекарот “Доктороt”. Овој прекар е карактеристичен поради негово “смирено и клиничко размонтирање на своите противници ” како и неговото ладно и смирено возење споредено со бурните денови во 125 цц и 250 цц каде што неговата изведба беше непостојана и опасна што резултираше со голем број на судири. Постојат две теории зошто Роси го користи Докторот. Првата е што Роси се здобива со диплома, што во Италија му даваат право да ја користи титулата “Доктор”. Другата доаѓа од самиот Грацијано и гласи “Докторот затоа што, не верувам дека има некоја посебна причина,но убаво е, а и важно, Докторот.” Роси често се шегува дека го добил тој прекар затоа што Роси е често презиме во Италија за доктори.

Тој секогаш се тркал со бројот #46 во гран-при кариерата. Бројот со кој неговиот татко во 1979 година во Југославија, на 250 цц Морбидели, се тркал и ја освоил првата од вкупно три гран-при победи . Карактеристично е победникот на светскиот шампионат да е награден со налепницата #1 за следната сезона. Сепак, со почит кон првиот возач од поновата ера кој останал со истиот број (#7), Бари Шин, Роси остана со сега насекаде познатиот број #46 низ целата кариера, иако како светски шампион го носел бројот #1 на рамото на неговите заштитни облеки.

Текстот на неговата кацига се однесува на името на гурпата на неговите пријатели :”Племето Чивава”, а скратеницата WLF или "Viva La Figa" на неговата облека значи “Да Живее Пичката ”. Тој доесга нема добиено санкции или ултиматуми да ги отстрани буквите “W” во “WLF” бидејќи претставува две “V” во “ВИВА”. Исто така очигледно е и дека и неговата способност да избегне било каква дисциплинска мерка од страна на ФИМ или ДОРМА , за тоа колку дрско ги стави буквите на предната страна на неговиот врат. Тој исто така ја користи и неговата омилена боја (флуоросцентно жолто) за креација на неговите заштитни костуми. Поради ова го доби прекарот “Фоломастерот Пен”. Најчесто го користат коментаторите Тоби Мудис и Јулијан Рајдер.

Моторциклистот и поранешен тимски партнер Колин Едвардс како и некои ТВ новинари ко нарекуваат “Козата” (најдобар на сите времиња).

[уреди] Други активности во мотоспортот

Роси го тестираше Формула 1 болидот на Ферари во 2006 на 31 јануари, 1 и 2 февруари. На првиот тест, Роси излета од влажната патеката во песочната бариера, завршувајќи го својот прв ден од тестирањето. На вториот ден Роси постави девето време во конкуренција на 15 возачи, околу 1 секунда побавно од Михаел Шумахер кој имаше трето најбрзо време. Роси извози побрзо од возачите на Ред Бул, Марк Вебер и Дејвид Култхард како и од возачот на Тојота, Јарно Трули. На последниот ден од терстирањето Роси беше малку повеќе од пола секунда зад најбрзото време на Шумахер. Шуми изјави за дека Роси поседува огромен талент и дека е создаден да се натпреварува во Формула 1.

На 24 мај 2004 година, Роси изјави дека ќе остане во Мото ГП шампионатот, додека не почувствува дека неговата работа со моторите е “завршена”. Шумахер изјави дека се чувствува “тажен” по одлуката на Роси да остане во Мото ГП и дека во исто време го подржува. Роси потпиша договор со Јамаха за сезоните 2007 и 2008 и подоцна за 2009 и 2010.

Покрај интересот за Формула 1, Роси исто така има и голема пасија кон рели трките. Во младоста еден од идолите на Роси бил шампионот во рели, Колин Мекри. Колин го научи Роси на основните работи за возењето рели автомобил. Двајцата се натпреваруваа на Монца 2005 година, Мекри возеше Шкода Фабиа ВРЦ, а Роси Субару Импреза ВРЦ. Роси извојуваше победа во оваа трка. Неговиот прв официјален обид во Рели шампионатот беше во 2002 година на Релито во велика Британија, возејќи Пежо 206 ВРЦ, со кое излета во втората фаза на трката.

На 11 октомври 2006 година беше најавено дека Роси ќе се натпреварува на рели трката во Нов Зеланд која требаше да се одржи на 17 и 18 ноември истата година. Тој учествуваше со Субару ВРЦ и заврши 11 во конкуренција на 29 возачи. На 26 ноември, Роси возејќи Форд Фокус ВЦР победи на Рели трката во Монца која се одржува секоја година. Тој го победи победникот од претходната година Риналдо Капело освојувајќи седум од пет стази. Исто така го победи и Рели шампионот Дидие Ауроил за седум секунди, еден на еден во финалето на Мастер шоуто. Роси на крајот на митингот во Монца изјави дека ќе се натпреварува на релито во Велика Британија во во 2007 година но подоцна се повлече. На митингот во Монца во 2007 година Роси повторно го освои првото место.

Роси беше поврзуван со трансфер во Формула 1 и Светскиот Рели Шампионатот во 2007.

Но Роси одлучи да остене во Мото-ГП шампионатот: “ имам договор со Јамаха до 2008 година” изјави тој “ кога ќе заврши тоа ќе видиме што ќе се случи. Во едно сум сигурен, дека ќе возам до 31 или 32 години највеќе. Ќе барам нови стимули во наредните сезони, засега сум целосно мотивиран”. Роси потпиша нов двегодишен договор со Јамаха до 2010 година. Првично планираше да вози Импреза ВРЦ за време на неговото учество на релито во Велика Британија во 2008 година но сепак настапи со Форд Фокус ВРЦ. Ја заврши трката на 12то место, 13 минути и 20.4 секунди зад победникот Себастијан Леб.

Во јануари 2010 Роси изјави дека кога ќе се повлече од Мото-ГП би сакал да се пресели во Рели шампионатот. “Нема моногу разлика во телото на човекот од 22 и 34 години така да сеуште имам време да се натпреварувам. Ќе го имам во предвид преминот во трките со коли, веројатно рели, после тоа ќе пробам да си олеснам сам на себе .... знам дека Формула 1 е полесно но во периодот кога ќе ја завршам кариерата во Мото-ГП ќе бидам престар да се натпреварувам во Формула1”. Стефано Доминчели директорот на Ф1 тимот на Ферари, ја искажа својата желба да се воведе трет болид на Ферари на патеките од Ф1 кој ќе биде управуван од Роси, и потврди дека роси ќе тестира постар болид на Ферари на 21 и 22 јануари 2010.

Во март 2010 година , Италијанскиот Министер Франко Фратини го награди Роси со првата Италијанска награда за начинот на кој ја претставува Италија на меѓународно ниво.

[уреди] Кациги

Валентино Роси смени повеќе дизајни на својата кацига и повеќето со мотиви на сонцето и месечината кои (според Роси ) ги отсликуваат двете страни од неговиот карактер. Уметникот на сегашната кацига е Алдо Друди.

[уреди] Ритуали пред трката

Роси е многу суеверен и познат по ритуалите пред трка. На денот на трката тој секогаш го гледа почетокот во категоријата во 125 цц за да види колку долго светлата ќе останат запалени пред да се згасат за почеток на трката. Кога и да вози (трка, квалификува или тренира) започнува со личниот ритуал при што застанува околу две метри пред својот мотор се наведнува и ги допира своите чизми. Потоа кога ќе стигне до својот мотор клекнува и го држи десниот потпирач за нога потпирајќи се со наведнтата глава. Во интервју Роси вели “Тоа е само момент на кончентрирање и “разговор” со мојот мотор исто кога се селиш од едно место на друго’. Тој го мести својот заштитен костум исправен на држачите за нозе додека вози на стартно- целната рамнина пред почеток на трката или тренинг. Тој во интервју за Мото ГП.ком открива дека облекува една чизма пред другата, а истото го прави и со ракавиците и дека секогаш се качува на моторот на исти начин. Слегува од моторот на исти начин, префрлајќи ја неговата десна нога преку моторот.

[уреди] Приватен живот

По напуштањето на наговиот дом во Тавулија, тој се пресели во Милано, а подоцна се преселу во Лондон, Англија во периодот кога вози за Хонда. Во овој период тој добива вила на Ибица што сеште ја поседува, но поради скандалот со затајување данок тој сега се врати и живее во својот главен дом во Италија блиску до неговата фамилија.

[уреди] Забележителни заработки

Според Спортс Илустрејтед, Роси е еден од спортските личности со најголема заработувачка во светот, со вкупна заработка од 34 милиони долари во 2007 година. Во 2009та Форбс го рангира Роси на деветото место место на најплатени спортисти со заработка од 35 милиони долари во предходната година.

[уреди] Скандалот со затајување на данок

Во 2007 година италијанските данчни власти објавија дека Роси е под истрага за можно затајување данок. По предходно неуспешната истрага над Роси во 2002 година, властите изјавија дека Роси е под сомнение за непријавен доход од 112 милиони евра (160 милиони долари) во периодот од 2000 до 2004 година. Власитите изјавија дека Европскиот договор за данок , помеѓу европските земји,односно Вилата во Англија му овозможила да ги искористи поволните даночни услови, пријавувајќи ги приходите стакнати во Англија и избегнувајќи данок , профитабилно рекламирање и договорите со спонзорите, велејќи дека Роси имал: “живеалиште во Англија но тоа не му е постојано место на живеење”. Нагласија дека на формуларот за данок во Италија тој навел приход од 500 евра , додека приходите од спонзорите се наведени како да се направени со странски компании, но скандалот контролиран главно од Италија. Во 2008 година Роси објави дека постигнал договор со италијанските даночни власти и дека платил 35 милиони евра за да го затвори случајот.

[уреди] Останати хоби-активности

Роси се труди да го чува приватниот живот надвор од очите на јавноста иако не крие за неговата наклонетост кон италијанскиот фудбалски клуб Интернационале. По освојувањето на деветта светска титула во октомври 2009 година , Интер му честита на неговата официјална веб страна.

[уреди] Домашни миленичиња

Миленичето- куче на Роси беше Британски булдог по име Гилдо, кој го имаше од 2000 до 2008година. Поради честите патувања на Роси, Гилдо живееше со неговата мајка во Тивулија. Гилдо се појавуваше на различни делови на неговата облека како и на рекламниот материјал, носејќи затвореничка облека во текот на тестирањата пред сезоната и кога Роси заостануваше 32 поени во зампионатот во сезоната во 2006 година, Гилдо беше облечен во инуитски костим. Гилдо умре во 2008 година по Австралијансксиот ГП, па Роси во знак во почит кон Гилдо, новиот светски шампион дизајнираше нова налепница на која Гилдо има англески крилја лебдејќи над небески облаци. Смртта на Гилдо привлече толку внимание што беше споменат во спортскиот магазин Gazzetta dello Sport.

Роси сега има две нови кучиња(едно машко едно женско) Цезар и Цецилија. За време на гран-прито во Мисано во 2009 година, беднаш по грешката во Индианаполис, кучињата имаа магарешки уши на кацигата на Валентино.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици