Благојче Силјанов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Благојче Силјанов
06.04.1969 – 05.06.2001 (32 г.)

Прекар:«Џуџето»
Роден во:Битола, СР Македонија СР Македонија
Починал во:пат Гајре - Шипковица
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Воен полицаец во АРМ
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
  • Операција MX-1
  • Заседа „Гајре - Шипковица“
Одличја: Медал за храброст


Благојче Силјанов (Битола, 6 април 1969Шипковица, Тетовско, 5 јуни 2001) бил македонски бранител, воен полицаец во АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 5 јуни 2001 во заседа на патот Гајре - Шипковица.[1][2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Живот, војната 2001 и сведоштва[уреди | уреди извор]

Благојче Силјанов е роден на 6 април 1969 година во Битола. Тој воениот рок го отслужи во ЈНА како воен полицаец. По враќањето во цивилството не можеше да најде работа како средношколец и затоа се посвети на изработка на мебел. Мајка му е пензионирана работничка на печатницата „Киро Дандаро“. Татко му починал во 1992 година. Кога се оженил Благојче, останал да живее во станот на своите родители. Непосредно пред да почне војната 2001 година во Македонија, Благојче стана татко. Луѓето го опишуваат како безмерен патриот што татковината си ја сака колку и сопственото семејство. Подоцна кога бил мобилизиран како воен полицаец, на другарите на боиштата често знаел да им рече:

„Се борам за жената и детето. Да знаат дека имаат татковина.”

—Благојче Силјанов (†32), македонски бранител, [3]

Благојче Силјанов е меѓу првите што беа мобилизирани. По кусиот престој во битолската касарна, префрлен е во Кичево. Веднаш потоа е префрлен во Тетово и таму останува сè до трагичниот ден. Во телефонските разговори со домашните, никогаш на ништо не се пожалил. Велел дека се му е добро. Дома доаѓал многу ретко и без подолги задржувања. Доаѓал како на викенд. Кога жена му го прекорувала да измисли нешто за да остане подолго, низ смеа, и повеќе на позбив, отколку сериозно, велел да не го коби, мора да биде таму каде што му е местото - кај другите борци бранители.[4]

На 5 јуни 2001 година загинува во заседа поставена од албанските терористи помеѓу патот Шипковица - Гајре, заедно со други четворица бранители. Благојче зад себе ги остава жена му заедно со синчето кое се роди непосредно пред да почне војната 2001 година. Посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[5]

Заседа на патот Гајре - Шипковица[уреди | уреди извор]

Споменик на Бранителите (Битола) во Битола, посветен на битолските бранители.

На 5 јуни 2001 кај патот Шипковица - Гајре, во заседа слична на Вејце загинуваат 5 припадници на АРМ, меѓу нив и Благојче Силјанов. Сите петмина загинале за само 15 минути, прво Руфати и младиот Китанов, а потоа без никаква придружба, по претходна наредба да пружат помош на повредени војници во армиско-полицискиот пункт во Шипковичка кривина, во истата заседа паднале Силјанов, Миленковски и Матичевски.

На свиокот на патот што води кон овој пункт, терористите со рачен фрлач го погодиле возилото "пик-ап 101", кое носело храна за пунктот кај Шипковица. На самото место загинале Руфати и Китанов, кои биле во возилото. По само пет минути, на истото место е нападнат џип "ланд ровер", кое се упатило да им помогне на ранетите во Шипковица. Од четворица луѓе внатре, тројца загинаа на местото.

Според увидот, на возилата било пукано од две групи по 5-6 напаѓачи, од 8-10 метарска оддалеченост. На местото биле најдени 60 празни чаури, рачни бомби, неексплодирани гранати. По џипот се движело санитетско возило, кое за влакно успеало да сврти и лекарите да се спасат од заседата.

На 5 јуни 2010 година, во чест на петтемина загинати војници е поставен спомен плоча на местото каде загинаа.[6][7][8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Убиени уште петмина војници на АРМ“. Вест. 6 јуни 2001. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-02-20.
  2. „Потсетник за загинатите бранители кај Гајре“. Алфа ТВ. 5 јуни 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-07. Посетено на 2015-02-20.
  3. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 113
  4. „На децата ќе им се кажува дека татковците им ги зеле албанските терористи, а тие ќе треба да живеат со Албанците“. Вест. 6 јуни 2001. Посетено на 2017-02-22.[мртва врска]
  5. „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2019-03-30.
  6. „Поставена плоча за петтемина загинати бранители кај Гајре“. Дневник. 6 јуни 2010. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-02-20.
  7. „Чествување за војниците убиени во заседа кај Селце“. Дневник. 18 март 2010. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-02-20.
  8. „Почит за хероите кои загинаа кај Гајре“. Нова Македонија. 4 јуни 2013. Посетено на 2015-02-20.[мртва врска]