Кирчо Димитриов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кирчо Димитриов
21 мај 1968 – 4 мај 2001 (33 г.)

Роден во:Виница, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Танушевци
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Капетан во АРМ
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја: Медал за храброст


Кирчо Димитриов (Виница, 21 мај 1968Танушевци, Скопска Црна Гора, 4 март 2001) бил македонски бранител, капетан во АРМ, учесник во Воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 4 март 2001 заедно со Дејан Јакимовски во Танушевци при експлозија на нагазна мина, поставена од терористите на ОНА.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Споменикот на Кирчо Димитриов во Виница

Живот, војната 2001 година и смрт[уреди | уреди извор]

Кирчо беше вљубеник од најрана младост и посветен на војската, почитуван и авторитетен старешина. Тој беше поборник за ред, дисциплина, војничко другарство и дружељубие на чесната и одговорна задача на која и ја подари младоста и ги подреди сите други обврски во животот и во семејството. Задачата го однесе на границата кај Танушевци.

Во дивината на Скопска Црна Гора, на браникот на земјата, стана жртва на албанските терористи кој го имаа минирано просторот низ кој се движеа македонските безбедносните сили. Со возило наидоа на нагазна мина која го разнесе возилото и ги однесе животите на Кирчо и неговиот колега Дејан.

Кирчо зад себе ги остави своите два сина и сопругата. Кирчо Димитриов посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „12 години од смртта на капетан Кирчо Димитриов“. Regioni.mk. 5 март 2013. Посетено на 2015-01-27.[мртва врска]
  2. „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2019-03-29.