Димитар Двојаковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димитар Двојаковски
22.04.1972 – 03.05.2001 (29 г.)

Роден во:Нова Горица,  Словенија
Починал во:Ваксинце
Служба во:Македонија Македонија
Единици:Скорпиони при АРМ
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја: Медал за храброст


Димитар Двојаковски (Нова Горица, Словенија, 22 април 1972Ваксинце, Кумановско, 3 мај 2001) — македонски бранител, припадник на Скорпионите при АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал во заседа на 3 мај 2001 заедно со Влатко Петров во Ваксинце.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Живот, војната 2001 и сведоштва[уреди | уреди извор]

Гробната плоча на Димитар Двојаковски.

Димитар е роден на 22 април 1972 година во Нова Горица, Словенија. Поради тоа што татко му бил висок офицер на ЈНА и бил на служба во Словенија. Семејството Двојаковски потекнува од Берово. Димитар има завршено средно електротехничко училиште. Подолг период попусто барал вработување. На крајот за да обезбеди егзистенција за своето семејство, имајќи ги сите психофизички предиспозиции за добар војник, се пријавил и завршил обука за специјалната единица, наречена „Скорпиони“. Од формирањето на единицата до денот на погибието, Димитар бил на сите терени во кризните подрачја. На 2 мај, ден пред неговата смрт во заседа во кумановското село Ваксинце, од позициите на границата, телефонски се јавил дома и рекол дека кога ќе му заврши смената, од 3 мај ќе користи викенд-одмор. Го рекол тоа и толку. Всушност и никој не можел да помисли дека такво момче може да загине, не барем од куршум.

За тоа колку и' бил верен на армијата и единицата говори и податокот што сам сакал да оди на позиција на 2 мај 2001. Поконкретно, Димитар бил дежурен на истата позиција ден пред тоа. Бидејќи смената трае 24 часа, му следувал одмор од исто толку време. Меѓутоа, со изговор дека токму неговите другари ќе бидат на позиција на празникот, и тој се приклучил кон наредната смена. Можел, сосема со мирна совест да го мине празникот во касарната во Куманово и наредниот ден да си замине за Штип, кај своите. Можел, а не го сторил тоа. Ако ја исклучиме можноста одморот да му бил условен со уште една смена, испаѓа дека судбината сакала да се случи. Димитар зад себе ги остави едногодишниот син и сопругата.[2]

Во чест на Димитар, во Штип е поставен споменикот на бранителите. На споменикот ги има сите македонски бранители кои се по потекло од Штип. Двојаковски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[3]

На 13 март 2012 година, споменикот во чест на штипските бранители е искршен од вандали. Нејасно е кој стои зад овој вандалски чин. Се претпоставува дека балистите, навивачката група на ФК Шкендија Тетово, која имала на викендот утакмица со ФК Брегалница Штип, стојат зад злоделото.[4]

На 2 август 2016 година на влезот на спортската сала во Берово која го носи името „Македонски бранители“ поставена е спомен - плоча на која се испишани имињата на четворицата бранители од Берово кои во конфликтот во 2001 година го изгубија својот живот, Љупчо Мирчовски, Димитар Двојаковски, Зоран Бубевски и Никола Пехчевски.

Заседа Ваксинце – 3 мај 2001[уреди | уреди извор]

Димитар веше на позициите во Кумановско. На трагичниот ден, во рамките на граничните единици беше на теренот кај Ваксинце. Смената им почна на 2 мај во 6 часот и требаше, откако ќе пристигне замената, туку без никаква замена да се нареди повлекување во 5 часот. И групата и нивните препоставени знаеле дека низ Ваксинце има поставено барикади. Кога возилото од 7 војници стасале до првата барикада, водникот им се јавил на своите претпоставени. Меѓутоа, оттаму не добиле дозвола да се повлечат, туку да продолжат низ селото. Очигледно некому му требало да демонстрира некаква сила и тоа со необезбедена патрола. Или можеби, наредбата има друга заднина. Како и да е, момчињата ја послушале наредбата и продолжиле.

Кога ја минале барикадата, навлегувајќи во селото, веднаш влегле во осило од терористи. Се нашле сардисани од сите страни и немале можност за борба, бидејќи се враќале од позиции и биле во возилото. Од друга страна, настанот укажува и на карактерот на терористите. Ако веќе претпочитаат борба, тогаш зошто не се бореле додека момчињата биле на позиција, туку ги чекале кришум, во заседа. Ова го спомнувам не толку за терористите колку за нашата тактика во сета оваа војна. Проблемот требаше и можеше да биде разрешен уште во Танушевци. Ние моравме да си ја сочуваме границата и ние терористите да ги чекаме во заседа, а не да им дозволиме да влезат длабоко во земјата и тие нас да не дочекуваат и ликвидираат во разни заседи. Но тоа е друга приказна. И такви работи по правило се случуваат кога политичарите водат војна, а војската води политика.

Трет елемент укажува и на една сосема понаква спрега е фактот што терористите биле убедени дека го убиле таткото на Димитар, Јане Двојаковски, кој бил полковник во АРМ. Терористите на ОНА во својот прв извештај велат дека е убиен висок офицер на АРМ. Очигледно мислеле дека ме убиле мене, а не мојот син. Значи акцијата е водена без евиденција, без стратегија, без план кога и како да се дејствува. Во тој контекст, криво ми е што во врска со настанот, и не само со него, не бевме примени јас и повеќе мои колеги ниту од Претседателот Трајковски, ниту од премиерот ниту од Претседателот на Собранието. Не мора да не послушаат, но човечки беше да не слушнат, бидејќи имавме што да кажеме - вели полковникот (†2005), додавајќи дека точно ги знае сите што учествувале во убиството на неговиот син Димитар Двојаковски и Влатко Петров.[5]

Во врска со нападот на транспортерот во Ваксинце интересен е и податокот дека во него учествувале 60-тина терористи од селото на чело со сопственикот на колонијалната продавница и уште 30-тина терористи од Косово. Во самиот почеток, учествувале десетмина, но по влегувањето на траспортерот, бројката на учесниците постојано се зголемувала. Практично врз седуммината се пукало од сите страни. Подоцна, двајца од терористите се заробени и тие даваат комплетна слика за командантите, извршителите и за самиот настан.

Во заседата биле Беќир Сакипи (командант), Адем Халили (снајперист), Заим Халили, Блерим Авдиљи, Скендер Халили (командант „Скендери“), Заим Авдиљи, Севдаиљ Нуредини (снајперист), Насер Авдиљи, Арсим Османи, Буредин Лимани (снајперист), Арџент Авдиљи, Исмет Салиу (снајперист), Нехат Авдиљи, Ќани Рамадани (осматрач) и Ќани Рамиз, сопственик на продавницата „Гури-мовит“ II или „Син Камен“ во Ваксинце. Последниот ја издал наредбата за дејствување по одобрение на командантот „Шкупи“ од Слупчане.[6] Поставената „дрљача“ била главната препрека поради која транспортерот бил оневозможен да го продолжи патот за Куманово. Тука следувала канонадата од разни оружја и убиството на Двојаковски и Влатко Петров.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Уште двајца убиени војници, еден киднапиран, АРМ удри по терористите кои прогласија слободна територија“. Вест. 5 мај 2001. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2015-02-12.
  2. „12 години од трагичното загинување на Петров и Двојаковски“. Сител. 3 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2013-05-06. Посетено на 2015-02-12.
  3. „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2019-03-29.
  4. „Вандали ги осквернавија спомениците на бранителите и на борците во Штип“. Нова Македонија. 13 март 2012. Посетено на 2015-02-12.[мртва врска]
  5. „Штип во спомен за своите војници кои 2001 г. загинаа во Ваксинце“. Алфа ТВ. 3 мај 2014. Архивирано од изворникот на 2016-03-10. Посетено на 2015-02-12.
  6. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 93 – 96.