Бал-кан-кан
| „Бал-Кан-Кан Bal-Can-Can“ |
|
![]() ДВД обвивка |
|
| Режирано од | Дарко Митревски |
|---|---|
| Продуцент | Алесандро Вердеки Џанлука Курти Карло Дуси |
| Сценарист | Дарко Митревски |
| Настапуваат | Владо Јовановски Адолфо Маргиота Ѕвездана Ангеловска Бранко Ѓуриќ Тони Михајловски Никола Којо Петар Божовиќ |
| Музика | Кирил Џајковски Дарио Марианели |
| Кинематографија | Суки Меденчевиќ |
| Монтажа | Џакобе Гамберини |
| Премиера | 1 јануари 2005 |
| Времетраење | 89 мин |
| Држава | |
| Јазик | македонски италијански српски бугарски хрватски босански албански руски |
Бал-кан-кан е македонски филм во италијанска копродукција, кој го следи животот на македонски бегалец кој патува низ балканот за да ја пронајде својата свекрва која е завиткана во тепих. Дарко Митревски е режисер и сценарист на филмот, а Владо Јовановски, Адолфо Маргиота, Ѕвездана Ангеловска и Тони Михајловски ги играат главните улоги. Добитник е на Специјалната награда од филмските критичари на Русија на XXVII Московски Меѓународен Филмски Фестивал оддржан во 2005 година. [1][2]
Содржина |
Актерска екипа [уреди]
| Актер | Улога |
|---|---|
| Владо Јовановски | Трендафил Каранфилов |
| Адолфо Маргиота | Сантино Џеновезе |
| Ѕвезда Ангеловска | Ружа Карнфилова |
| Бранко Ѓуриќ | Шефкет Рамадани |
| Сека Саблиќ | Зумбула |
| Тони Михајловски | Џанго |
| Миодраг Кривокапиќ | Веселин Кабадајиќ |
| Никола Којо | Осман Ризванбеговиќ |
Реакции [уреди]
Рецензии [уреди]
Филмот, во главно, е добро прифатен од критиката. Денис Харви од Variety, вели дека "Сценаристот-режисер Дарко Митревски ги поместува границите... Циничното, халуцинаторно, модерно „Патување на Аџијата“ е патување исполнето со меморабилни секвенци кои несомнено ќе му дадат култен статус меѓу авантуристички настроените синеасти." [3]
Гледаност [уреди]
Филмот е гледан од повеќе од 500,000 луѓе во Република Македонија уште во годината на својата премиера и на тој начин се смета за најгледаниот во македонската историја. Истовремено, тој е филмот со најголема заработка на нејзината територија. [се бара извор]
Белешки [уреди]
- ↑ „Бал-кан-кан“. Македонски Информациски Филмски Центар. http://www.maccinema.com/filmovi_detali.asp?IDMAKFILM=689. проверено на 2008-09-16.
- ↑ „Бал-кан-кан“. Интернет Филмска База на податоци. http://www.imdb.com/title/tt0369258/. проверено на 2008-09-16.
- ↑ Денис Харви. „Bal-Can-Can (Бал-кан-кан)“. Списание Variety. http://www.variety.com/review/VE1117930126.html?categoryid=31&cs=1&p=0. проверено на 2008-09-16.
Надворешни врски [уреди]
- Бал-кан-кан на МИФЦ.
|
|||||||
