Бал-кан-кан

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Балканкан)
„Бал-Кан-Кан
Bal-Can-Can“
ДВД обвивка
РежисерДарко Митревски
ПродуцентАлесандро Вердеки
Џанлука Курти
Карло Дуси
СценаристДарко Митревски
Главни улогиВладо Јовановски
Адолфо Марџота
Ѕвездана Ангеловска
Бранко Ѓуриќ
Тони Михајловски
Никола Којо
Владимир Ендровски
Петар Божовиќ
Наџи Шабан
МузикаКирил Џајковски
Дарио Марианели
КинематографијаСуки Меденчевиќ
МонтажаЏакобе Гамберини
Премиера1 јануари 2005
Времетраење89 мин
ЗемјаМакедонија Македонија
 Италија
Јазикмакедонски
италијански
српски
бугарски
хрватски
босански
албански
руски
црногорски

Бал-кан-канмакедонски филм во италијанска копродукција, кој го следи животот на македонски бегалец кој патува низ балканот за да ја пронајде својата свекрва која е завиткана во тепих. Дарко Митревски е режисер и сценарист на филмот, а Владо Јовановски, Адолфо Марџота, Ѕвездана Ангеловска и Тони Михајловски ги играат главните улоги. Добитник е на Специјалната награда од филмските критичари на Русија на XXVII Московски Меѓународен Филмски Фестивал одржан во 2005 година.[1][2]

Глумечка екипа[уреди | уреди извор]

Глумец Улога
Владо Јовановски Трендафил Каранфилов
Адолфо Марџота Сантино Џеновезе
Ѕвезда Ангеловска Ружа Каранфилова
Бранко Ѓуриќ Шефкет Рамадани
Сека Саблиќ Зумбула
Тони Михајловски Џанго
Миодраг Кривокапиќ Веселин Кабадајиќ
Никола Којо Осман Ризванбеговиќ
Владимир Ендровски Стипе Прикачин
Бранко Огњановски Серафим Каранфилов
Катерина Шехтанска Убава Танцерка
Васко Тодоров Витомир
Наџи Шабан Карлито

Реакции[уреди | уреди извор]

Рецензии[уреди | уреди извор]

Филмот, во главно, е добро прифатен од критиката. Денис Харви од Variety, вели дека "Сценаристот-режисер Дарко Митревски ги поместува границите... Циничното, халуцинаторно, модерно „Патување на Аџијата“ е патување исполнето со меморабилни секвенци кои несомнено ќе му дадат култен статус меѓу авантуристички настроените синеасти." [3]

Гледаност[уреди | уреди извор]

Филмот е гледан од повеќе од 500,000 луѓе во Република Македонија уште во годината на својата премиера и на тој начин се смета за најгледаниот во македонската историја. Истовремено, тој е филмот со најголема заработка на нејзината територија. [се бара извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. „Бал-кан-кан“. Македонски Информациски Филмски Центар. Посетено на 2008-09-16.[мртва врска]
  2. „Бал-кан-кан“. Семрежна филмска база на податоци. Посетено на 2008-09-16.
  3. Денис Харви. „Bal-Can-Can (Бал-кан-кан)“. Списание Variety. Посетено на 2008-09-16. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]