Арнолд Гелинкс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Арнолд Гелинкс
Западна философија
Философија на XVII век

Портрет на Гелинкс
Роден 31 јануари 1624(1624-01-31)
Антверпен Flag of Flanders.svg
Починал ноември 1669 (на 44–45 г.)
Лајден Prinsenvlag.svg
Школа картезијанство
Главни интереси етика, теологија, епистемологија, метафизика


Арнолд Гелинкс (хол. Arnold Geulincx, 31 јануари 1624ноември 1669) е фламански философ. Бил следбеник на Рене Декарт кој се обидел поподробно да ги разработи општите начела на картезијанската философија. Гелинкс извршил силно влијание врз ирскиот писател Семјуел Бекет, кој го сметал за свој соговорник и истомисленик, делејќи го ставот дека човечкиот живот се карактеризира со беспомошност и незнаење.[1]

Живот[уреди]

Гелинкс е роден во Антверпен. Студирал на Левенскиот универзитет, каде во 1646 станал професор. Во 1658 го загубил работното место заради неговите непопуларни ставови и заради бракот.[2] Потоа се префрлил на Лајденскиот универзитет и станал калвинист. Отпрвин работел како приватен учител[3].Во 1662 е назначен за предавач по логика, а во 1665 станува вонреден професор. Почина во Лајден, во 1669, оставајќи најголем дел од делата (сите на латински јазик) за посмртно издавање.[4] Нивен уредник бил Корнелис Бонтеку.[5][6]

Углед[уреди]

И покрај неговата теза дека Бог не може да делува без да се служи со разноврсност, Гелинксовата мисла се соочила со остри критики во почетокот на XVIII век од мислители како Руард Андала и Карeл Тенман, како спинозист.[7], започнувајќи со Крстијан Томасиус во 1710.[8] Андала го напаѓа Гелинкс во има на „вистинските“ картезијанци, карактеризирајќи го Гелинкс како опасен, заедно со Бурхард де Волдер, Жан Леклерк, Фредерик ван Ленхоф, Понтијан ван Хатем и Вилем Дерхоф. Гелинкс претрпел напад и од пиетистот Јоаким Ланге, како дел од неговиот поход против Кристијан Волф, а пак Јохан Франц Будеус ги Гелинкс и Пјер Бејл за подмолни антихристијани.[9]

Философија[уреди]

Гелинкс ја резимирал неговата философија во изреката „ако постои, значи така е“ (ita est, ergo ita sit). Верувал во „предутврдена складност“ како решение на проблемот ум-тело, но починал 25 години пред Лајбниц да ја изрече неговата позапаметена замисла на истата тема. Според Лајбниц, учењето за предутврдената складност е тесноповрзано со оптимизмот - „најдобриот од сите можни светови“. Но Гелинкс не ги доведува во врска овие две нешта.

Оказионализмот на Гелинкс е во основа етички наместо космолошки. Во првата расправа во неговото дело „Етика“[10] се разгледуваат (по неговата замисла) кардиналните доблести. Доблеста според Гелинкс е љубовта кон Бога и Разумот (III, 16-17; 29). Кардиналните доблести се својства на доблеста што непосредно се излачуваат од самата нејзина суштина и немаат врска со надворешностите: трудољубивост, послушност, праведност, понизност (III, 17). Понизноста го дели неговиот поглед на светот на два дела: увид во нашиот однос со светот и поимување на нашиот однос со Бога. Понизноста претставува се состои во самопознание и самопрегорност. Во себесе не наоѓаме ништо свое освен знаеме и да посакуваме. Затоа човек треба да се биде свесен за сето она што го прави, а она за што не е свесен не претставува производ на моето причинителство. Оттука го изведуваме универзалното начело на причинска последичност: „ако не знаеш како се прави, тогаш ти не си го направил“ (quod nescis quo modo fiat, non facis). Гелинкс изложува еден облик на ова начело и во делото Metaphysica vera.[11] Затоа, движењата на телото се случуваат без да знаеме како нервниот поттик преоѓа во мускулите и така ги напрега - затоа ние не сме причинителите на постапките на нашите тела. „Така, јас сум само посматрач на оваа машина. Во неа, јас самиот ништо не осмислувам и не обновувам, ништо не создавам и не уништувам. Сето ова е дело на некој друг“ (III, 33). Тој друг е Божеството што гледа и знае сè. Вториот дел на Гелинксовата философија е поврзан со оказионализмот како последицата со причинителот. Водечкото начело е: „Онаму каде што нема што да направиш, таму и нема што да посакуваш“ (III, 222). Ова води до мистицизам и аскетизам кој човек сепак не треба премногу да се оддаде бидејќи има должност да се грижи за сопственото тело и да се размножува како битие.[12]

Дела[уреди]

Сите Гелинксови дела се издадени на латински:

  • Quaestiones Quodlibeticae (1653) со подоцнежнто издание Saturnalia;
  • Disputatio medica inauguralis de febribus (1658);
  • Logica fundamentis suis restituta (1662)
  • Methodus inveniendi argumenta (1663)
  • De virtute (1665).
  • Opera philosophica, уредн. Ј. П. Н. Ланд, Хаг, Мартинум Нејхоф, 1891-1893 (3 тома)

Делото De virtute е првиот дел од „Етика“ која е издадена посмртно, во шест дела.[13]

Влијание[уреди]

Писателот Семјуел Бекет го споменува Гелинкс во своите дела, чиј лик Марфи се присеќава на „прекрасниот белго-латински на Арнолд Гелинкс“, и особено намќорестата препорака (која Бекет честопати им ја потворувал на критичарите): Ubi nihil vales, ibi nihil velis („Онаму каде ништо не вредиш, таму нема што да бараш“). Бекетовиот лик Молој се опишува себеси како „Јас, што ја љубев замислата за стариот Гелинкс, мртов млад, што ме напушти слободен, на црниот кораб на Улис, да ползам кон исток по палубата“.

Ниче се повикува на Гелинкс во третиот есеј од „Родословие на моралот“ во врска со неговиот метод на „самопрезир“ (despectus sui).

Наводи[уреди]

  1. Арнолд Гелинкс: „Етика“ со прибелешки од Семјуел Бекет - страница на издавачот (2006) (англиски)
  2. http://www.geulincx.org/biography/land.html
  3. Willem Frijhoff, Marijke Spies, Dutch Culture in a European Perspective: 1650: Hard-won Unity (2004), стр. 305.
  4. http://www.1911encyclopedia.org/Arnold_Geulincx
  5. http://www.geulincx.org/bibliography/shorthistory.html
  6. http://history-modern-philosophy.interferometr.ostroda.pl/page70.html
  7. Wiep van Bunge (уредн.), The Early Enlightenment in the Dutch Republic, 1650-1750: Selected Papers of a Conference, Held at the Herzog August Bibliothek, Wolfenbüttel 22–23 март 2001 (2003), стр. 125.
  8. http://www.geulincx.org/research/devlee.html
  9. Jonathan Irvine Israel, Radical Enlightenment: Philosophy and the Making of Modernity 1650-1750 (2002), стр. 484, стр. 551 и стр. 635.
  10. Ландово издание на „Дела“, Хаг, 1891-93.
  11. http://plato.stanford.edu/entries/occasionalism/#DesCarOccLouDeLaForGerDeCorArnGeu
  12. http://www.newadvent.org/cathen/11195b.htm
  13. Daniel Garber, Michael Ayers, The Cambridge History of Seventeenth-century Philosophy (2003), Том II, стр. 1430.

Надворешни врски[уреди]