Андрија и Анѓелка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Андрија и Анѓелка
Ориг. имеАндрија и Анѓелка
Жанрситком
ФорматТВ серија
ПисателГи О Лепаж
РежијаМарко Манојловиќ
Данило Бечковиќ
Влада Алексиќ
ЗемјаСрбија
ЛокацијаБелград
Јазиксрпски
Број на сезони3
Број епизоди164 (список епизоди)
Време на траење~30 минути
Продукција
ПродуцентЗорана Поповиќ и Филип Ѓориќ
ПродукцијаBlekbuk
Fresh production
Емитовање
Прво
приказано на

Прва српска телевизија
Сродно
приказивање

-{Un gars, une fille}-
Официјален веб-сајт
Профил на -{IMDb}--

Андрија и Анѓелка е српска телевизиска серија снимена во 2015 година и 2016 година и прикажана на телевизија Прва . [1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Андрија и Анѓелка, пар во средните триесетти години, се типичен пример за тоа што се случува кога маж и жена живеат заедно. Иако се во врска со години и искрено се сакаат, често се нервираат меѓусебно, без разлика дали се во спалната соба, супермаркетот или на вечера со пријателите. Нивните хирови и сосема различни, и типично машко-женски погледи на светот, се причина за несогласувања и кавги околу познатите прашања за сексот, љубомората, парите, децата, нејзините пријатели, неговите пријатели, поделбата на работата во куќата.... Во секој случај, нема табу теми за нив двајца, ниту пак некоја тема е премногу сериозна за да се претвори во урнебесен коментар за модерниот живот. Андрија и Анѓелка само наизглед постојано водат борби и војни, а всушност се лудо вљубени. Лицата на повеќето споредни ликови не се прикажани, тие само зборуваат за време на сцените.

Сезони[уреди | уреди извор]

Сезона Број на епизоди Прикажување
1 64(1 - 64) 5 октомври 2015 - 31 декември 2015 година
( Прва )
2 91
(65 - 155)
29 февруари 2016 година - 7 јули 2016 година
( Прва )
3 9(156 - 164) 7 октомври 2016 - 28 октомври 2016 година
( Прва )

Улоги[уреди | уреди извор]

Главни[уреди | уреди извор]

Андрија Милошевиќ Андрија Митровиќ
Анѓелка Прпиќ Анѓелка Симиќ

Епизодни[уреди | уреди извор]

Игор Дамњановиќ Феѓа
Златија Ивановиќ Јела
Јелисавета Орашанин Данка
Слободан Нинковиќ Раде Митровиќ, татко на Андрија
Цвијета Месиќ Радмила Симиќ - мајка на Анѓелка (сезони 1-2)
Никола Малбаша Влада (сезона 1)
Јадранка Селец бабата на Андрија (сезона 1)
Феѓа Стојановиќ психолог (сезона 1)
Даница Радуловиќ социјален работник, девојка, банкарски службеник
Јелена Стојиљковиќ девојка (сезона 1)

Продукција[уреди | уреди извор]

Серијата е направена според форматот на канадската серија „Un gars, une fille“, која е адаптирана во повеќе од 25 земји. Продуценти на серијата се Зорана Поповиќ и Филип Ѓориќ

Локација[уреди | уреди извор]

Локацијата на снимањето е Белград.

Меѓународно прикажување[уреди | уреди извор]

Земја Телевизија Прикажување
 Србија Прва 5 октомври 2015 - 28 октомври 2016 година
 Црна Гора Прва 5 октомври 2015 - 28 октомври 2016 година
 Хрватска РТЛ 15 јануари 2016 година - се уште е во тек
 Босна и Херцеговина Хајат
АТВ
10 февруари 2016 година - се уште е во тек
Македонија Република Македонија Телевизија 24 30 јануари 2017 година - сè уште е во тек

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Андрија и Анђелка“. Прва. Архивирано од изворникот на 27. 11. 2015. Посетено на 26. 11. 2015. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]