Амфихидромна точка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Амфихидромна точка — точка со нулта амплитуда на еден хармониски елемент на плимата.[1] Плимниот распон (амплитудата, разликите во висината меѓу плимата и осеката), за тој хармониски елемент се зголемува со зголемувањето на растојанието од амфихидромната точка.[2] Овие точки понекогаш се наречени плимни јазли.

Поимот „амфихидромна точка“ потекнува грчкиот збор „амфи“ (околу) и „дромос“ (трчање), кое се однесува на кружното движење на плимите околу точките.[3]

M2 плимниот елемент и амплитудата означена со боја. Белите линии се плимни линии на фазни растојанија со интервали од 30° (нешто повеќе од 1 час).[4] Амфихидромните точки се темните сини подрачја каде линиите се спојуваат.
Амфихидромните системи на M2 елементите во Северното Море. Светло сините линии се линии еднакви на плимните фази за вертикалните плими (површинско издигнување) по должината на таква линија, и истите се обележани со 1, 2 и 3.

Амфихидромните точки настануваат под дејство на Королиосовиот ефект во заедништво со океанските котлини, морињата и заливите создаваат бранов модел, познат и како амфихидромен систем, кој ротира околу амфихидромната точка.[5][6] Кај амфихидромните точки на провладувачкиот плимен елемент, скоро и да нема вертикално придвижување под дејство на плимата и осеката. Постојат плимни струења бидејќи нивото на површината на водата е различно на секоја од страните од амфихидромната точка. Се создава посебен амфихидромен систем за секој периодичен елемент на плимата и осеката.[7]

На повеќето места M2 е најголемиот (полудневен) плимен елемент, со амплитуда со големина на половина од целата плима. За овие точки важи дека истовремено постигнуваат плима и осека. На сликата, осеката задоцнува или предничи за 1 час и 2 минути од соседната линија. Каде што овие линии се сретнуваат се наоѓаат амфихидромните точки и плимите и осеките ротираат околу нив; на пример, вдолж чилеанското крајбрежје и од Јужно Мексико до Перу, плимите и осеките се движат кон југ, додека од Калифорнискиот Залив до Алјаска се движат кон север.

Амфидромни точки при M2 плимниот елемент[уреди]

Врз основа на придружната слика, амфихидромните точки кои ротираат во насока на часовникот се:

Амфихидромни точки со насока на ротација спротивна од насоката на часовникот се:

Островите Мадагаскар и Нов Зеланд се амфихидромни точки во однос на тоа што плимата се движи околу нив во спротивна насока од насоката на стрелките на часовникот за време од 12 и половина часа, но силината на плимата и осеката на нивните крајбрежја е забележливо поголема.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. http://journals.hil.unb.ca/index.php/ag/article/view/729/1081
  2. https://www.e-education.psu.edu/earth540/content/c6_p1.html
  3. Cartwright, David Edgar (2000). „Tides: A Scientific History“. Cambridge University Press. стр. 243. ISBN 978-0-521-79746-7. 
  4. Picture credit: R. Ray, TOPEX/Poseidon: Revealing Hidden Tidal Energy GSFC, NASA. Redistribute with credit to R. Ray, as well as NASA-GSFC, NASA-JPL, Scientific Visualization Studio, and Television Production NASA-TV/GSFC
  5. https://www.e-education.psu.edu/earth540/content/c6_p1.html
  6. http://www.salemstate.edu/~lhanson/gls214/gls214_tides.html
  7. http://ffden-2.phys.uaf.edu/645fall2003_web.dir/ellie_boyce/amphidromic.htm