Прејди на содржината

Плимомер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Плимомер.
Плимомерот во Корнштад, Русија.

Плимомер (мареограф или мареометар) — уред за мерење на промената на морско ниво во однос на појдовник за одредено по предизвикана плима и осека.

Сетилници постојано ја следат висината на водениот столб при што како појдовна висина се зема површина блиска на геоид. Водата навлегува во направата од долната страна на цевката и електронски сензори кои ја мерат висината и добиените податоци се праќаат до мал сметач.

Податоци се добиваат постојано од 1.750 мерни станици ширум светот. На некои места постојат податоци за цели векови, како на пример во Амстердам каде има податоци уште од 1700 година. Кога треба да се разгледа целиот океан, употребата на сателитски податоци ја подобрува точноста на плимните направи.

Плимните направи се користат за мерење на плимите и осеките и да се добие големината на цунамито. Со овие мерења можно е да се добие морското ниво. Користејќи го овој метод, морското ниво се закосува за 0,1 м/1000 км, забележани се и поголеми вредности.

Цунами може да се забележи кога морското ниво започнува да расте, иако предупредувањата од сеизмичката активност се доста покорисни како податоци.

Најчеста употреба

[уреди | уреди извор]

Плимните направи имаат практична примена во бродскиот транспорт и рибарската индустрија, каде плимите и осеките можат да го отежнат или спречат пристапот до плитките заливи или места со мостови. Поради ова многу индустрии имаат поставено сопствени плимни направи во пристаништата низ земјата и се потпираат на податоците добиени од владините агенции.

Податоците собрани од плимните направи се од интерес на научниците кои ги следат светските временски случувања и морското ниво.

Видови на направи

[уреди | уреди извор]

Следниве видови на плимни направи биле користени низ историјата:[1]

  • Келвинов плимомер
  • Фисов плимомер
  • ГСИ-плимомер
  • автоматски високопрецизен плимомер
  • автоматски високоразложен плимомер

Современи плимомери

[уреди | уреди извор]

Во последните години се развиваат нови технологии кои овозможуваат следење на промените во реално време и истите се објавуваат јавно преку сончево напојувани безжични поврзувања со плимниот сензор. Ултразвучните сензори[2] се распределени и со голема ефикасност ги спроведуваат добиените мерења преку твитер како и јавно на семрежјето.[3]

Плимомерот во Форт Денисон, Сиднеј, Австралија

[уреди | уреди извор]

Плимите и осеките се мерат крај Форт Денисон од 1857 година по завршувањето на тврдината, најпрво користејќи црта изрезбана во ѕидот на Мартеловата Кула. Од 1867 година се употребуваат инструменти за мерење на плимните појави.[4]

Фотографиите подолу од Форт Денисон го претставуваат плимомерот во својата поставка и мерниот бунар.[5] Жица поврзана со горниот тапанест механизам поминува низ дното десно од поставката и преминува на макара за да се спушти долу до пловката во големата цевка на бунарот. Овој систем е сега застарен, но се одржува како музејски примерок. Десно од големата цевка во бунарот е затворена цевка која се поткрева и ја употребува современиот систем.

Плимните висини и временски периоди кај тврдината се користат како појдовен патоказ за објавените плимни информации за други места во Нов Јужен Велс.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „History of tide gauges“. Tide Observation. Geospatial Information Authority of Japan. Архивирано од изворникот на 2013-01-05. Посетено на 19 April 2014.
  2. „Ultrasonic Sensor Tide Gauge“. Архивирано од изворникот на 2012-09-03. Посетено на 2014-06-16.
  3. „Ockway_Bay Tide Level“. Архивирано од изворникот на 2012-01-21. Посетено на 2014-06-16.
  4. Refer the interpretive panel installed in the tide room at Fort Denison.
  5. Manufactured by Harrison and Son, Darlington, England. For float activated methodology see http://www.fig.net/pub/monthly_articles/july_2010/july_2010_hannah.html

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]