Алтер его

Од Википедија — слободната енциклопедија

Алтер егото претставува другото “јас”, другото лице или личност во самата личност, за која поединецот не е свесен. Во раниот XIX век кога за првпат асоцијалното нарушување на идентитетот беше опишано од психолозите, беше откриено и алтер егото. За личноста со алтер его се вели дека води двоен живот. Покарактеристично значење на терминот може да се најде во стручните анализи, каде во различни дела се опишани ликови кои се психолошки блиски или пак е измислен лик чие однесување, говор или мисли намерно ги претставуваат тие на авторот. На сличен начин, алтер егото може да биде применето на улогата или на личноста играна од глумец или од друг вид изведувач.

Алтер егото исто така се однесува на различните однесувања кои една личност може да ги манифестира во повеќе ситуации. Слични термини се аватар, двојност, имитирање и поделена личност.

Пример со алтер его

Д-р Џекил и г-дин Хајд[уреди | уреди извор]

Насловните ликови од трилерот на Роберт Луис Стивенсон „Чудниот случај на д-р Џекил и г-дин Хајд“ претставуваат истрага на концептот дека и доброто и злото живеат во една личност и се во постојана борба. Едвард Хајд е другата личност на докторот, психопат надвор од нормите на цивилизираното општество кој го дели истото тело со докторот. Од тогаш имињата „Џекил и Хајд“ станаа синоними за поделена личност или алтер его кое ја има моќта да ја надвладее оригиналната личност.

Примена во стриповите[уреди | уреди извор]

Во серијата стрипови “Кризата на бесконечните светови”, суперхероите и нивните тајни идентитети се често сметани за алтер ега.

Архетипскиот книжевен херој Супермен, го презема идентитетот на не толку пристојниот новинар Кларк Кент со цел да живее помеѓу граѓаните на Метрополис без притоа дапредизвика сомневање. Со оглед на тоа дека вистинскиот идентитет на Кларк Кент е Супермен, Бетмен е лик создаден од Брус Вејн за да си го прикрие идентитетот во борбата против криминалот. Стриповите и филмовите за Бетмен како на пр. “Почетоците на Бетмен” го истражува полето на “вистинското јас” (Вејн) кое се губи или се преминува во алтер его како во заплетот на Д-р Џекил и г-дин Хајд. Стриповите од периодот на "Човекот од челик" ја пласираа идејата за двата супер херои. Кларк Кент ја присвојува личноста на Супермен за да може слободно да ги употребува своите моќи за да му помогне на светот без притоа да го загрози своите пријатели, семејство и приватниот живот. Спротивно на тоа, контроверзниот плејбој Брус Вејн станува алтер егото потребно да се прикрие вистинската природа на Бетмен, поборник против криминалот.Серијалот стрипови на Неверојатниот Хулк дополнително го компликува прашањето бидејќи Брус Бенер ја губи контролата над наликиот на Хајд - Хулк, кога и тој да се разбесни и дури зависи од супермоќите на Хулк во борбата против злосторниците.

Алтер егата инспирирани од стриповите може да се најдат и во други видови на популарната фикција вклучувајќи ги и телевизиските и филмските адаптации на стриповите,пародиите на овој вид како и фикцијата “Војна на ѕвездите

Примена во сценската уметност[уреди | уреди извор]

Алтер егата се користат од бројни сценски изведувачи кои се служат со сценски и филмски ликови со цел да ја забавуваат публиката и да истражуваат нови идентитети за себе. Една од првите групи кои се служеа со алтер егото беа Битлси кои снимаа и настапуваа како Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band со цел “да се раздрмаат нашите ега, да се ослобидиме и да се забавуваме”. Алтер егата подоцна се користат и како шоу точки на глам-рок изведувачите како Дејвид Боуви (Зиги Стардаст и Д Тин Вајт Дјук) и Кисс, како и на шокантните рокери Алис Купер и Мерлин Менсон кои ја ужаснуваа публиката. Честопати овие изведувачи се познати само по нивните алтер ега; на пр. Брајан Варнер( Мерлин Менсон) не ретко е виден во јавност и без хорор-шминката. Во современиот хип-хоп, изведувачите како Еминем и Т.И одвоено ги корситеа алтер егата Слим Шејди и Т.И.П со цел да ги истражуваат поделбите во нивната личност. Албумот "T.I vs T.I.P" укажува директно на содржината на Д-р Џекил и г-дин Хајд. Поделикатна употреба на суперегото имаме и кај некои изведувачи кои го менуваат својот идентитет за одреден албум како на пр. Кристина Агилера во Xtina и изведувачи кои прават поделба на својот сценски и секојдневен живот како на пр Бијонсе Ноулс во Sasha Fierce.

Комичарите по рутина ги користат своите алтер ега. Браќата Маркс за време на нивната кариера се претставуваа како вариете ликови. На пр: Џулиус Маркс го играше Гручо безразлика дали му е доделена улога на професор (во Horse Feathers), или ветеринар (во "Ден на трките")(A Day at the Races), или на претседател (во "Супа од патка")(во Duck Soup). Сценските комичари како што се на пр.Дон Риклс ("Mистер Топлина") и Џеки Мејсон (Хартуниан) ги развија своите трикови до степен на поедини алтер ега. Сценскиот уметник Енди Кофман беше главно познат на неговите следбеници по неколкуте ликови, вклучувајќи го и "Странецот" (“the Foreign Man”) (подоцна Латка Гравас), Tони Клифтон и Кофмановото имитирање на Елвис Присли. Биографскиот филм “Човек на месечината” го прикажува Кофман како човек чиј вистински идентитет било тешко да се одгатне дури и од неговите блиски пријатели,бидејќи алтер егата секогаш преовладувале. Глумецот Саша Барон Кохен, кој честопати е споредуван со Кофман и како и самиот Кофман е познат по ликовите на Али Џи, Борат и Бруно.

Професионалните борачи исто така настапуваат под нивните алтер ега (или сценски имиња), како што се на пр. ликот Хулк Хоган на Тери Болеа и "Погребникот" (The Undertaker) на Марк Халавеј.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]