Адара

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
ε Canis Majoris
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Големо Куче
Ректасцензија 06h 58m 37.6s
Деклинација −28° 58' 19"
Привидна величина (V) 1.51
Карактеристики
Спектрален тип B2 Iab
U−B боен показател −0.93
B−V боен показател −0.13
Астрометрија
Радијална брзина (Rv) +27.3 км/с
Сопствено движење (μ) Рек.: 2.63 млс/г
Дек.: 2.29 млс/г
Паралакса (π) 7.57 ± 0.57 млс
Оддалеченост 430 ± 30 сг
(132 ± 10 пс)
Апсолутна величина (MV) −4.11
Податоци
Маса 10 M
Сјајност 20,000 L
Температура 24,750 K
Металичност 20% Sun
Други ознаки
Adhara, Adharaz, Undara, ε CMa, 21 CMa, HR 2618, CoD -28°3666, HD 52089, SAO 172676, FK5 268, HIP 33579, GC 9188, ADS 5654, CCDM 06586-2858
Наводи во бази
SIMBAD податоци

Адара или (латински: Epsilon Canis Majoris) (ε CMa / ε Canis Majoris), е втора ѕвезда по сјајност од соѕвездието Големо Куче, и една од најсјајните ѕвезди на ноќното небо. Има Бајерова ознака „ипсилон“ иако е втора по сјајност во тоа соѕвездие. Традиционалното име `Адара` доаѓа од арапскиот збор عذارى ‘aðāra’, „девица“. Во Кина е позната како 弧矢七 (Седмата Ѕвезда Лакот и Стрелата).

Адара е двојна ѕвезда, оддалечена околу 430 светлосни години од Земјата. Има видлива магнитуда од +1,5 и спектрална класификација `B2`. Температурата на површината е 25.000 К и емитира радијација 20 илјади пати поголема од нашето Сонце. Оваа ѕвезда да се наоѓаше на иста далечина како Сириус, на ноќното небо ќе ја гледавме 15 пати посјајна од планетата Венера. Исто така, оваа ѕвезда е една од најекстремните познати извори на ултравиолетови зраци на небото.

Пред неколку милиони години, Адара била многу поблиску до Сонцето од денес, и била многу посјајна ѕвезда на ноќното небо. Пред околу 4.700.000 години, Адара била на растојание од 34 светлосни години од Сонцето, што значи и најсјајната ѕвезда на небото со магнитуда од –3,99. Ниедна друга ѕвезда немала ваква сјајност, ниту некоја ќе има во наредните пет милиони години.[1]

Наводи[уреди]

  • E. Wilkinson, J.C. Green, R. McLean, and B. Welsh, "Extreme Ultraviolet Spectrum of epsilon Canis Majoris between 600-920 Å", Bull. American Astron. Soc., 188, #58.02.
  1. Sky and Telescope, April 1998.