Јоргос Папандреу (помладиот)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јоргос Папандреу
Γεώργιος A. Παπανδρέου


Пратеник
George Papandreou (junior).jpg

Во служба
Стапил
6 октомври 2009
Претседател Карлос Папуљас
Заменик Теодорос Пангалос
Претходник Костас Караманлис

Во служба
10 март 2004 – 6 октомври 2009
Претходник Костас Караманлис
Наследник Костас Караманлис

Претседател на ПАСОК
Во служба
Стапил
8 февруари 2004
Претходник Костас Симитис

Во служба
Стапил
30 јануари 2006
Претходник Антионио Гутерес

Во служба
7 октомври 2009 – 7 септември 2010
Претходник Дора Бакојани
Наследник Димитрис Друцас
Во служба
18 февруари 1999 – 13 февруари 2004
Претходник Теодорос Пангалос
Наследник Тасос Јаницис

Во служба
8 јули 1994 – 25 септември 1996
Претходник Димитрос Фатурос
Наследник Герасимос Арсенис
Во служба
22 јуни 1988 – 2 јули 1989
Претходник Апостолос Какламанис
Наследник Василиос Контогијапопулос

Член на Грчкиот парламент
Во служба
Стапил
1981
Лични податоци
Роден(а) 16 јуни 1952 (1952-06-16) (61 г.)
Сент Пол, Минесота
САД
Националност Грк
Партија ПАСОК
Сопружник Ада Папапану
Деца Андреас(роден 1982)
Маргарита-Елена(родена 1990)
Образование Колеџ Амхарет
Стокхолмски универзитет
Лондонско училиште за економија
Харвардски универзитет
Струка Социолог
Вероисповед Грчка Православна црква
Портал www.papandreou.gr
Panhellenic Socialist Movement
Socialist International

Јоргос Папандреу (грчки: Γεώργιος Α. Παπανδρέου, [ʝeoɾʝios papanðɾeu], роден на 16 јуни 1952), е грчки политичар и поранешен премиер на Грција. Неговото семејство потекнува од долгогодишна политичка династија која е присутна во поновата историја на Грција.

Почеток на политичката кариера[уреди]

Во текот на 1939 година, таткото на Папандреу, Андреас Папандреу бил прогонет од Грција како премиер на државата. Тој заминал во САД каде бил роден Јоргос од мајка американка. Тој се образувал во училишта во Илиноис, Шведска и Канада и поседува дипломи од Емерст колеџ, Лондонската школа по економија и Харвардскиот универзитет.

Во Грција се вратил заедно со своето семејство по обновата на демократијата во 1974 година. По доаѓањето во Грција, тој се присоединил кон партијата на својот татко. Во 1981 година Јоргос бил избран за пратеник во Собранието на Република Грција. Претходно, неговиот татко Андреас бил основачот на ПАСОК и бил премиер во два наврата, а пак дедо му по когого добил името, Јоргос, ја вовел Грција во либералните промени.

ПАСОК[уреди]

Кормилото на ПАСОК го превземал во јануари 2004, по повлекувањето на тогашниот премиер Костас Симитис а на партиските избори и официјално станува водач на партијта. Во изминативе години успеал да ги зацврсти позициите на социјалистите што пак му ја донело позицијата на претседател на социјалистичаката интернационала, светска организација која ги обединува лево ориентираните лидери. Предизборната кампања му се зановала на ветувања за борба против невработеноста и програма за јакнење на банкарскиот систем.Кампања кои многумина ја поистоветија со зборовите на Барак Обама.

Министер[уреди]

Во текот на 80-тите и 90-тите години, Папандреу извршувал многу важни функции во грчката влада меѓу кои и министер за образование. Круна на неговата кариера бил изборот за шеф на дипломатијата во 1999 година, кога придонел во смирувањето на долгогодишните тензии со соседна Турција.

Тој претходно бил министер за образование и верски работи (1988-1989 и 1994-1996) и министер за надворешни работи од 1999 до 2004 година. По неговиот дедо, Јоргос Папандреу, и неговиот татко Андреас Папандреу, тој е третиот член на семејството Папандреу кој станал премиер на земјата. Папандреу моментално е лидер на грчкото социјалистичко движење (ПАСОК), од 2004 година. Во 2006 година станал претседател на Социјалистичката интернационала. Јоргос Папандреу стана 182-иот Премиер на Грција на 6 октомври 2009 година[1][2].

Премиер на Грција[уреди]

По инаугурацијата, владата на Папандреу открила дека нејзините финансии се во многу лоша состојба, со буџетски дефицит од 12,7% од БДП, четири пати повеќе отколку еврозоната, а јавниот долг на земјата изнесувал 410.000.000.000 $. [3] По оваа официјално соопштение од страна на грчките власти, земјата влегла во голема економска криза, со стапка на невработеност од 10%[4]. Папандреу изготвил серија од мерки за штедење,[5]намалувајќи ги државните плати и пензии од една страна и зголемувајќи ги даноците во земјата од друга, како прва фаза од мерките за штедење.[6]Освен ова, биле воведени дополнителни мерки насочени кон борбата против неконтролираното затајување на данок[7] и намалување на вработените во јавниот сектор. Оваа програма за штедење предизвикала голем број на штрајкови по целата земја во Грција][8] и истата била критикувана на дел од министрите за финансии од Еврозоната.[9].

Решавањето на долготрајниот спор околу името со Македонија и помагањето за забрзување на кипарските мировни разговори, се само некои од предизвиците на надворешната политика со кои се соочува владата на ПАСОК.

Наводи[уреди]

  1. Mavrona, Katerina. „New PM George Papandreou takes office“, „ANA-MPA“, ana-mpa.gr, 6 октомври 2009 (конс. 6 октомври 2009).
  2. „Papandreou sworn in as Greek PM“. „BBC News“. 6 октомври 2009. http://news.bbc.co.uk/2/hi/europe/8292278.stm. конс. 6 октомври 2009. 
  3. „Greece Bailout: France, Germany Angry Over Rescue“. „Time Magazine“. 16 февруари 2010. http://www.time.com/time/world/article/0,8599,1964443,00.html. конс. 17 февруари 2010. 
  4. „Greece's unemployment rate hits 10%“. „BBC News“. 11 февруари 2010. http://news.bbc.co.uk/2/hi/business/8510386.stm. конс. 17 февруари 2010. 
  5. „Greece unveils austerity programme to cut deficit“. „BBC News“. 3 февруари 2010. http://news.bbc.co.uk/2/hi/europe/8494849.stm. конс. 17 февруари 2010. 
  6. „Greek Tragedy: Athens' Financial Woes“. „Time Magazine“. 15 февруари 2010. http://www.time.com/time/magazine/article/0,9171,1959059,00.html. конс. 17 февруари 2010. 
  7. „No tax please, we're Greek“. „BBC News“. 11 февруари 2010. http://news.bbc.co.uk/2/hi/programmes/from_our_own_correspondent/8509244.stm. конс. 17 февруари 2010. 
  8. „Greece hit by nationwide strike over austerity measures“. „BBC News“. 10 февруари 2010. http://news.bbc.co.uk/2/hi/europe/8507551.stm. конс. 17 февруари 2010. 
  9. „Greece told to make more spending cuts“. „BBC Nwes“. 16 февруари 2010. http://news.bbc.co.uk/2/hi/business/8517499.stm. конс. 17 февруари 2010.