Грчка православна црква

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Грчка Православна црква)
Прејди на: содржини, барај
Грчка православна црква
Ορθόδοξη Εκκλησία της Ελλάδος
Metropolitan Cathedral of Athens02.JPG
Митрополитска катедрала (Атина)
Основач Апостоли
Независност 1833
Признавање Автокефална, признаена од 1850 година.
Поглавар Архиепископ на Атина и цела Грција, Јероним II
Седиште Атина, Грција
Територија Грција
Власт
Јазик грчки
Верници 10,000,000[1]
Портал www.ecclesia.gr

Грчка православна црква (грчки: Ορθόδοξη Εκκλησία της Ελλάδος) — автокефална црка и во православниот свет се наоѓа на единаесеттото место. Има ранг на архиепископија.

Наголемата власт во Грчката црква ја има Епископскиот синод, кој се состои од сите епархиски архиреи. Сите тие ја носат титулата на митрополит. На чело на Синодот стои архиепископот на Атина и цела Грција, кој се одбира од страна на митрополиите. По неговиот избор, Претседателот на Грција во рок од пет дена издава указ за негово признавање, по кое следи официјалната церемонија. Синодот се состои од архиепископ и 12 митрополити.

Денеска, црквата се состои од 81 епархија, од кој 30 се наоѓаат во Северна Грција вклучително и во Егејскиот дел на етничка Македонија што му припаѓале на Македонската православна црква, и истите се под јурисдикција на Цариградската патријаршија. Епархијата на Крит, како и сите манастири на Света Гора, исто така се под јурисдикција на Константинопол, односно не се дел од грчката Православна црква.

Црквата има околу 200 манастира, со околу 8.000.000 верници.

Наводи[уреди]