Јан Хенрик Домбровски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Домбровски

Јан Хенрик Домбровски (пол. Jan Henryk Dąbrowski; 29 август 17556 јуни 1818) бил полски генерал и национален херој.

Војната во Полска[уреди]

Тој израснал во Саксонија и неколку години во служел во саксонската војска [1]. Бил офицер на коњицата и се школувал во воено училиште во Дрезден. Полскиот сејм (собрание) во 1791 година ги повикал сите Полјаци кои служат во странските војски да се вратат во Полска. По враќањето во Полска, Домбровски добил задача да ја реорганизира на полската коњицата. Под команда на Понијатовски учествуваа во кампањата од 1792 година против Русите. Тој се нашол во Полска кога започнало востанието на Кошќушко во 1794 година. Активно учествувал во одбраната на Варшава и предводел еден корпус кој ги помагал востаниците во Полска.

Бил храбар офицер, а Тадеуш Кошќушко го унапредил во генерал. Не само што Кошќушко го ценел, туку по задушувањето на востанието, руската и пруската војска му понудиле служба.

Полска легија[уреди]

Домбровски на чело на полските легионери

Домбровски во историјата на Полска е познат како организатор на полската Легија која се борела во Италија во текот на француските револуционерни војни. Наполеон во 1796 година го поканил во Париз. На Цисалпската Република и била потребна полска воена помош. Тоа било по третата поделба на Полска во 1796 година Полска, кога Полска исчезнала од картата на Европа. Полјаците се обидувале да му помогнат на Наполеон, надевајќи се дека на тој ќе ја возбнови независноста на Полска.

Полските легии биле пополнети од полски емигранти. Овие единици имале полска униформа, националните кодови и полски офицери. Униформите имале еполети со бојата на Ломбардија и француска тробојка. Домбровски објавил манифест во кој тој ги повика Полјаците да се приклучат на страната на Наполеон, манифестот бил прифатен од страна полските емигранти. Наскоро во Милано се собрале илјадници доброволци, иако големите сили кои ја поделиле Полска, се заканувале со казни. Домбровски за кратко време собрал 7000 доброволци кои ги обучил и од нив направил дисциплинирана војска.

Тој се борел на страната на Наполеон од мај 1797 година па се до почетокот на 1803 година. Како командант на легиите имал значајна улога во војната во Италија. Во мај 1798 година влегол во Рим, и на 19 јуни 1799 година во битката кај Требија се исткнал. Тој се истакнал и во други битки. Меѓутоа никогаш не полската Легија не го постигнала она за што сонувал на Домбровски, ослободување на Полска.

Наполеон го истакнал зголеменото незадоволство на полските војници и офицери, особено откако Франција и Русија го потпишале Луневилскиот мир. Полјаците ја изгубиле надежта дека Наполеон ќе ја ослободи Полска. Наполеон стравувал од бунт на полската Легија и одлучил да растури. Околу 6 000 Полјаци во 1803 година биле испратени да го задушат бунтот на Хаити. Од таму се вратиле само 3 000 Полјаци.

Варшавско војводство[уреди]

По распушањето на легијата и потпишувањето на амијенскиот мир, Домбровски бил назначен за генерал на дивизија во служба на Италијанската република. Наполеон во 1806 година повторно го повикал, за да формира полски сили кои би учествувале во ослободувањето на Голема Полска од власта на Прусија. Повторно се пријавиле полси доброволци, меѓутоа со помал ентузијзам од претходно. Домбровски заедно со своите Полјаци се истакнал во битките кај Гдањск и Фридланд во 1807 година.

Варшавското војводство било создадено во 1807 година од полските делови на Прусија и била вазална држава на Наполеон. Домбровски бил разочаран бидејќи Наполеон му забранил да се бори за останатите полски територии. Тој се повлекол на својот имот кај Познањ. Меѓутоа во 1808 година тргнал во војната против Хабзбуршката монархија и се борел под команда на Јозеф Понијатовски. Полската војска влегла во Галиција и на 15 јули 1808 година бил освоен Краков.

Добровски во јуни 1812 година комадувал со полската дивизија во составот на Наполеоновата голема армије во походот кон Русије. Имале големи загуби. При преминот на реката Брезина, Домбровски бил ранет. Се борел под команда на Огист Мармон во битката кај Лајпцинг. Во 1814 година се вратил во Полска бидејќи не можел повеќе да се бори.

Полска во персонална унија со Русија[уреди]

Полска со Виенскиот конгрес од 1815 година била во персонална унија со Царска Русија. Рускиот цар го именувал Домбровски за генерал на коњаницата и за палатински сенатор во Конгресот на Полска. Се повлекол во пензија на својот имот, каде што во 1818 година починал. Напишал неколку војно-историски дела на полски јазик.

Извори[уреди]