Црква „Св. Атанасиј“ - Шишево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Атанасиј
Crkva-Sv.Atanasij-Shishevo.jpg

Црквата „Свети Атанасиј“ во селото Шишево

Македонска православна црква
Епархија Скопска
Местоположба
Населено место Шишево
Општина Сарај
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Атанасиј (порано Свети Никола)
Изградба XIV век
Живопис 1565 година
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Свети Атанасиј се наоѓа во непосредна близина на селото Шишево, на едно мало возвишение над самото село (во правец на југ) и реката Треска. Според натписот над западната влезна врата, порано црквата била посветена на св. Никола, а денес е посветена на Св. Атанасие[1]. Судејќи по античките елементи вградени во неа, се претпоставува дека е подигната на старо култно место. Годината на градењето не е позната, се претпоставува дека датира од првата половина на XIV век, а живописот потекнува од 1565 година како што се наведува на оштетениот натпис кој се протега долж сите ѕидови над втората зона живопис[1]. Црквата е мала еднобродна градба со полукружен свод и тристрана апсида. Градена е од кршен камен без употреба на тула[1]. Живописот го извеле двајца мајстори кои се разликуваат по колоритот што го употребуваат, како и по основните белези на цртежот од кој на прв поглед се стекнува впечаток како да е постар од датата во натписот. Имено, зографите на црквата Св. Атанасие ги негуваат истите чувства како и нивните современици чии симпатии биле насочени кон постариот живопис, особено оној од XIV век. Меѓутоа, на овој живопис му недостасува префинетост, тој ја нема импресивната заобленост што ја отфрла линијата како непотребна граница меѓу фигурата и просторот. Колоритот го нема богатството на полутонови. Дебелата линија ги врамува фигурите, нивните ставови ги прави тешки и несмасни. Во втората зона на наосот се илустрирани циклусот Маки Христови во кои остава впечаток Бичувањето Христово, сликано и во црквата Св. Димитрија во Марковиот манастир во втората половина на XIV век, сцена омилена во западната иконографија, а кај нас мошне ретка. Во средината на сводот, од запад кон исток, се сликани Христос Емануил, Хетимасија, Христос Седржател и Старец на деновите. Меѓу попрсјата на пророците кои се сликани од двете страни на зоните на темето на сводот е насликана и една Сибила, сместена на необично место. Од истиот период потекнуваат и царските двери со комплициран геометриски мотив, карактеристичен за нерешките двери и охридскиот резбарски центар, изведени порустично.

Наводи[уреди | уреди извор]