Хостел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Првиот хостел во светот бил воспоставен во 1912 година во замокот Алтена во Германија
Хостел Челица, поранешен затвор адаптиран како хостел во Словенија

Хостел – вид на сместување каде гостите на располагање имаат помал комфор (поголем број кревети на кат во една спална соба, заеднички бањи и евентуално кујни), за пониски цени.

Честопати хостелите се поевтини и за изнајмувачот и за корисниците. Доста хостели имаат корисници кои престојуваат на подолг рок кои ги вработуваат како рецепционери или друг персонал во хостелот, а за возврат добиваат некои погодности како намалена цена за престојот.

Во неколку земји, како Обединетото Кралство, Ирска, Индија и Австралија, зборот хостел се однесува исто така на установи кои обезбедуваат подолг престој. Во Индија, Пакистан и Јужна Африка, „хостел“ исто така се однесува на студентски домови на колеџи и универзитети кои нудат престој за студентите. Во други делови на светот, зборот хостел може да се однесува на сместувачки капацитети кои им се нудат на „туристите со ранци“.

Историја[уреди | уреди извор]

Постер од 1915 година, го промовира фондот кој обезбедувал хостелско сместување за жените работнички во Првата светска војна

Во 1912 година во замокот Алтена во Германија, Рихард Ширман го формирал првиот постојан „југендхерберге“ односно „младински хостел. Првите младински хостели биле израз на визијата на Германското младинско движење за да им се обезбеди на сиромашните градски младинци да дишат свеж воздух. Младите требало, колку што е можно, сами да го организираат и одржуваат хостелот за да ги држат трошоците ниски, да градат карактер и да бидат физички активни.

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Зборовите „хотел“ и „хостел“ се етимолошки поврзани, во македонскиот јазик дошле преку англискиот, каде се влезени преку старофранцускиот збор „hostel“, кој од своја страна доаѓа од доцнолатинскиот „hospitale“ што означува место за одмор. Денес тие се однесуваат на различен вид на сместување.

Разлики од хотелите[уреди | уреди извор]

Младински хостел во Јапонија

Постојат повеќе разлики меѓу хостелите и хотелите:

  • Хостелите се буџетски ориентирани, цените се значително пониски и многу хостели имаат програми за споделување книги, ДВД и други слични работи.
  • За оние кои претпочитаат неформална околина, хостелите вообичаено го немаат истото ниво на формалност како хотелите.
  • Социјализацијата во хостелите е поголема.
  • Во хостелите услугите се поограничени и вообичаено е самопослужување.

Хостели во Македонија[уреди | уреди извор]

Според Златна книга[1] во Македонија има 25 хостели од кои 21 се во Скопје и по 2 во Битола и Охрид.

Во Законот за угостителство не е наброен хостелот како вид на угостителски објект за сместување[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Златна книга – хостели
  2. „Закон за угостителство“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-11-12. Посетено на 2016-11-30.

Поврзано[уреди | уреди извор]