Црква „Св. Никола“ - Дутлија
Свети Никола | |
---|---|
Αγίου Νικολάου | |
Поглед на црквата | |
41°8′34.0″N 23°34′53.9″E / 41.142778° СГШ; 23.581639° ИГД | |
Место | Дутлија, Серско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Изградба | XII век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Серско |
Епархија | Серско-нигритска |
Свети Никола (грчки: Αγίου Νικολάου — средновековна црква во селото Дутлија, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] Црквата е парохиски храм.[3]
Описание
[уреди | уреди извор]Ова е парохиска црква изградена во XII век, и се наоѓа на сретселото. Има скромни димензии од 5,70 × 5,80 м без конхата. Претстаува крстокуполна црква со четири столба. Овие столбови и арките се потпора за средишната купола, која покрива доста голем дел од црквата. Апсидата е придодадена непосредно кон источниот дел на крстот. Храмот е изграден камен со редови од украсни тули. Куполата е осумстрана и направена од тули, а апсидата е тристрана. Додавањето на грда припрата од западната страна во 1851 г. и современата бетонска покривна конструкција значително го измениле изворниот изглед на градбата.[1]
Поголемиот дел од внатрешноста покриен со поствизантиски и понови фрески. Нешто пред 1971 г. е откриен дел од првичниот фрескопис од 1171 г. на источниот ѕид, во делот лево од нишата на ѓаконикот под дебел слој од малтер[3] Фреската на Свети Дамјан не е во многу добра состојба. Светецот е претставен од напред и во полн раст. Во левата рака држи послужавник со медицински инструменти и изработен е од провинциска работилница. Покажува сличности со карпестата фреска на Богородица во Дервешен (1382). Подоцна, со остранување на поновите фрески, разоткриени се уште четири фигури од првобитниот живопис — тројца светци во полн раст на јужниот ѕид од наосот и Свети Јован Крстител во нишата на ѓаконикот.[1] Иконостасните икони се од XIX век.[3]
Архитектонскиот стил на црквата и поедините морфолошки црти се врзани со градителската традиција на Цариград и ја датират во XII век.[1]
Во парохијата на оваа црква припаѓаат и храмовите „Св. Пантелејмон“ и „Св. Константин и Елена“ и „Св. Илија“.[3]
Во 1962 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[4]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Σαμσάρης, Πέτρος Κ. „Βυζαντινά μνημεία των περιχώρων των Σερρών“. Βιβλιοθήκη Σερρών. Архивирано од изворникот на 2014-05-12. Посетено на 12 мај 2014.
- ↑ „Ναός Αγίου Νικολάου Ελαιώνα“. Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Архивирано од изворникот на 2020-09-22. Посетено на 12 мај 2014.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Ιερός Ναός Αγίου Νικολάου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 31 октомври 2014.
- ↑ „ΥΑ 15813/19-12-1961 - ΦΕΚ 36/Β/3-2-1962“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2021-10-28. Посетено на 13 март 2022.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Никола“ - Дутлија на Ризницата ?