Фиш фест
Фиш фест ( Fish fest Belgrade ) е гастрономска и туристичко-забавна манифестација кој се одржува од 2007 година на просторот кај Кулата Небојша во Белград.
За Фиш фестот
[уреди | уреди извор]Манифестацијата за прв пат била одржана во 2007 година. Првата манифестација започнала со парада. Учесниците се движеле по улицата Кнез Михајлова, па до Водона варош покрај Кулата Небојша.[1] Таа е една од најголемите гастро-туристички манифестации која се одржува на река во Србија. Покрај организацијата на натпреварот, секоја вечер се одржуваат концерти на познатите музички групи, Ѓура и морнари, Гарави сокак, Апсолутно романтично.[2]
Основачи
[уреди | уреди извор]Први основачи на манифестацијата било здружението Дунав во срцето, општина Стари град и рибниот ресторан Воденица, кои ја продолжиле оваа традицијата на одржување на оваа манифестација.[3]
Учесници
[уреди | уреди извор]Во манифестацијата учетвуваат готвачи од земјата, како и од регионот: Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија. Тие подготвуваат средоземна храна, како и специјалитети од морска и речна риба. Готвачите на ресторанот „Воденица“ традиционално подготвуваат рибина чорба во казани од 100 литри.[3] Се одржува и натпревар во готвење на најдобра рибина чорба за професионалци по повик, како и за млади готвачи.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Фиш Фест, 2017 година
-
Фиш фест, во близина на ресторанот Воденица
-
Натпревар во готвењето на најдобрата супа од риба
-
Готвење супа од риба
Наводи
[уреди | уреди извор]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Добра забава на Фиш Фест
- Отворен рибниот фестивал Архивирано на 26 декември 2017 г.
- ↑ „Фиш фест Београд“. Званичан веб сајт. Посетено на 25 декември 2017.
- ↑ 2,0 2,1 „Фиш фест“. Дани Београда. Посетено на 26 декември 2017.
- ↑ 3,0 3,1 „Фиш фест“. Моја Србија. Посетено на 26 декември 2017.