Фиш фест

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фиш фест ( Fish fest Belgrade ) е гастрономска и туристичко-забавна манифестација кој се одржува од 2007 година на просторот кај Кулата Небојша во Белград.

За Фиш фестот[уреди | уреди извор]

Манифестацијата за прв пат била одржана во 2007 година. Првата манифестација започнала со парада. Учесниците се движеле по улицата Кнез Михајлова, па до Водона варош покрај Кулата Небојша.[1] Таа е една од најголемите гастро-туристички манифестации која се одржува на река во Србија. Покрај организацијата на натпреварот, секоја вечер се одржуваат концерти на познатите музички групи, Ѓура и морнари, Гарави сокак, Апсолутно романтично.[2]

Основачи[уреди | уреди извор]

Први основачи на манифестацијата било здружението Дунав во срцето, општина Стари град и рибниот ресторан Воденица, кои ја продолжиле оваа традицијата на одржување на оваа манифестација.[3]

Учесници[уреди | уреди извор]

Во манифестацијата учетвуваат готвачи од земјата, како и од регионот: Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија. Тие подготвуваат средоземна храна, како и специјалитети од морска и речна риба. Готвачите на ресторанот „Воденица“ традиционално подготвуваат рибина чорба во казани од 100 литри.[3] Се одржува и натпревар во готвење на најдобра рибина чорба за професионалци по повик, како и за млади готвачи.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. „Фиш фест Београд“. Званичан веб сајт. Посетено на 25. 12. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. 2,0 2,1 „Фиш фест“. Дани Београда. Посетено на 26. 12. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. 3,0 3,1 „Фиш фест“. Моја Србија. Посетено на 26. 12. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)