Прејди на содржината

Таганрог

Координати: 47°14′0″N 38°54′0″E / 47.23333° СГШ; 38.90000° ИГД / 47.23333; 38.90000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Таганрог
Знаме на ТаганрогГрб на Таганрог
ДржаваРусија
Федерален субјектРостовска Област
Основан во1698Уреди википодатоци
Надм. вис.&1000000000000003000000030 м
Час. појасмосковско време Уреди википодатоци[1] (UTC+3)
Поштенски бр.[2]347900–347960Уреди википодатоци

Таганрог ( руски: Таганро́г ) — град во Русија , во регионот на Ростов . Таганрог е град во јужниот дел на Русија. Се наоѓа на брегот на Азовското Море во заливот што ја прави устата на реката Дон , околу 80 километри од Ростов на Дон. Според пописот од 2010 година, во градот имало 257.692 жители.

Историја

[уреди | уреди извор]

Таганрог бил првата база на руската морнарица. Твридината Таганрог била официјално основана од Петар Велики на 22 септември 1698 година. Статус на град добил во 1775 година.[3]

Таганрог е познат како место каде што е роден и ја поминал младоста Антон Павлович Чехов. Чехов го споменал својот роден град во многу приказни.

Денес Таганрог е економски, културен и туристички центар на јужна Русија.

Население

[уреди | уреди извор]

Според прелиминарните податоци од пописот, во градот во 2010 година живееле 257.692 жители, 24.255 (8,60%) помалку отколку во 2002 година.

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]
  • Баденвајлер
  • Лиденшајд
  • Червен Брјаг
  • Одеса
  • Пинск
  • Антрацит

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Об исчислении времени“. Официальный интернет-портал правовой информации. 3 јуни 2011. Посетено на 19 January 2019.
  2. Почта России. Информационно-вычислительный центр ОАСУ РПО. (Russian Post). Поиск объектов почтовой связи (Postal Objects Search) (на руски)
  3. Энциклопедия Города России. Moscow: Большая Российская Энциклопедия. 2003. стр. 454–455. ISBN 5-7107-7399-9.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]