Црква „Св. Троица“ - Ругуновец

Координати: 40°59′51″N 22°34′13″E / 40.99750° СГШ; 22.57028° ИГД / 40.99750; 22.57028
Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Троица
Αγίας Τριάδος
Карта
40°59′51″N 22°34′13″E / 40.99750° СГШ; 22.57028° ИГД / 40.99750; 22.57028
МестоРугуновец, Гуменџиско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архитект(и)Андон Китанов
Завршена2013
Управа
ЕпархијаГуменџиско-бојмичко-ругуновска

Света Троицацрква во градот Ругуновец, Гуменџиско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

По доселувањето на турски Грци во Ругуновец во 1920-тите, тие изградиле своја парохиска црква „Св. Троица“, напоредно на постоечката македонска црква „Св. Атанас“. На крајот на векот храмот станал премал за пораснатото население на градот. Откако градбата сериозно настрадала во земјотресот од 1991 г. решено е да биде урната и на нејзино место да се подигне нова и поголема. Камен-темелникот на црквата е поставен на 31 август 1998 г., а истата е завршена и осветена во 2013 г. Црквата зафаќа површина од преку 900 м2 и има галерија во облик на буквата П, која служи како женска црква.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Θυρανοίξια Ι. Ναού Αγίας Τριάδος Πολυκάστρου“. Amen.gr. 29 април 2013. Посетено на 25 јуни 2014.