Муонио

Од Википедија — слободната енциклопедија

Муонио (севернолапонски: Muoná) е село и општина во Финска. Се наоѓа во далечниот север на Финска над Северниот Поларник на западната граница на земјата, во областа на поранешната провинција Лапонија. Општината брои население од 2.369 (31 јануари 2014) и покрива површина од 2,038.15 квадратни километри од кои 133,91 км2 е вода. Густината на населеност изнесува 1,24 жители на квадратен километар. Најблиски фински општини се Енонтекио, Китила и Колари; и на запад е шведската општина Пајала. На јужната страна на градот, постои пат кој преку мост се наоѓа над реката Муонио, поврзувајќи го селото со северната покраина Норботен во Шведска. Муонио е одлично место за истражување на многу нешта, посебно за зимски авантури, како санкање на снегот со специјални возила, набљудување на поларната светлина итн. Исто така, се наоѓа на автопатот Е-8 кој оди на север до Килписјерви.

Црквата во Муонио

Муонио е познат како општина со најдолга снежна сезона во Финска. Од таа причина има стручен колеџ за топ-скијање класа која привлекува крос-кантри скијачи од цела Финска.

Општината е еднојазична, каде се зборува фински јазик, за разлика од многу други погранични општини каде се зборува и шведски јазик.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]