Музички жанр

Од Википедија — слободната енциклопедија
Танго

Музички жанр (или музички правец) — еден вид на музичка категорија, којашто опфаќа повеќе музички звуци од ист тип, коишто може јасно да се разликуваат од некој друг тип на музика.

Уште во периодот на ренесансата луѓето почнале да ја класифицираат музиката во жанрови. Во неговата книга, Даглас М. Грин(Douglass M. Green) пишува како 61. дело на Бетовен и 64. на Менделсон се од истоветен жанр, двете претставуваат виолински концерти, но во различна форма, итн.

Други пак, велат дека жанрови и стилот на музика се сосем различни концепти.

Исто така, понекогаш географското потекло на музиката се користи за дефинирање на музички жанр.

Најчесто жанровите се групираат во следниве групи

  • уметничка, популарна, традиционална музика
  • регионална и национална музика
  • мешана музика

Музички правци[уреди | уреди извор]

Овде се наведени дел од музичките правци кои во модерната ера се широко раширени со голем број на под правци.