Блида

Од Википедија — слободната енциклопедија
Блида

Блида (на арапски: البليدة) е град во северен Алжир, 45 km јужно од главниот град на државата[1]. Тој е седиште на истоимената провинција. Населението е проценето на 500,000 жители.

Градот е опкружен со овоштарници и градини, на 630 m надморска височина, на почетокот на Малиот Атлас и на јужниот раб на плодната рамнина Метиџа. Големата количина на вода обезбедува егзистенција на наеколку ветерници и фабрики. Блида е опкружена со ѕидини, на кои има шест порти.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Alice Cherki and Nadia Benabid, 2006