Сун-цу: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
с Бот Додава: hy:Սուն Ցըզի |
с Бот Менува: hy:Սուն Ցզի |
||
Ред 95: | Ред 95: | ||
[[hr:Sun Cu]] |
[[hr:Sun Cu]] |
||
[[hu:Sun Zi]] |
[[hu:Sun Zi]] |
||
[[hy:Սուն |
[[hy:Սուն Ցզի]] |
||
[[id:Sun Zi]] |
[[id:Sun Zi]] |
||
[[is:Sun Tzu]] |
[[is:Sun Tzu]] |
Преработка од 07:40, 1 март 2010
- За матеметичарот, видете Сун-це (математичар).
Сун-це | |
---|---|
Податотека:Js sunwu.png Портрет на Сун-це | |
Роден/а | 544 п.н.е. Веројатно во државата Чи |
Починат/а | 496 п.н.е. Веројатно во државата Ву |
Занимање | Војсководец |
Националност | Кинез |
Предмет | Воена стратегија |
Сун-це или Сун Цу (кинески: 孫子), ц. VI век п.н.е) е автор на трактатот „Умешноста на војувањето“, енормно влијателна древна кинеска книга на тема воена стратегија (најголемиот дел не се занимава директно со тактика). Тој е исто така еден од најраните реалисти во теоријата на меѓународните односи.
Името Сун-це („Учителот Сун“) е почесна титула дадена на Сун Ву (孫武), името на авторот. Зборот Ву, кој значи „боречки“ или „воен“, е ист што и зборот „ву шу“ или „боречка вештина“. Сун Ву исто така има и куртоазно име, Чанг Чинг (長卿).
Сун-це како историска личност
Единствениот зачуван извор за животот на Сун-це е неговата биографија напишана во 2 век п.н.е. од историчарот Сима Чиен, кој го опишува како војсководец кој живеел во државата Ву во 6 век п.н.е., а така и современик на еден од големите кинески мислители—Конфучиј. Меѓутоа, формата и содржината на „Умешноста на војувањето“ укажуваат дека книгата била напишана меѓу 400 п.н.е. и 320 п.н.е.
Сун-цевото дело, „Умешноста на војувањето“, нанзачено како бинг фа или „воена стратегија“, ни дава еден вид увид во периодот во кој авторот живеел.
Некои академици веруваат дека книгата е всушност дело на некои анонимни кинески философи и дека Сун-це не постоел вистински. Интересно е дека постојат повеќе докази во полза на оваа теорија, отколку во полза на теоријата дека тој бил вистинска историска личноост. Во Лајонел Џајлсовиот вовед на неговиот превод „Умешноста на војувањето“ од 1910, тој ја обработува нејасноста и сомнителноста на авторството на оваа книга.
Според некои Сун-це бил предок на Сун Кван, основоположникот на кралството Ву, кое било едно од трите сопернички супер-династии за времето на Трите Кралства.
Видете исто така
Портал:Таоизам |
---|
Статии од категоријата Кинеска култура |
---|
Основи |
Текстови |
Личности |
Лао Це • Сун Це |
Учења |
- Познати воени писатели
- „Триесет и шест стратегии“, друга кинеска стратешка книга
- „Умешноста на војувањето“
- Философија на војувањето
Македонски изданија
Надворешни врски
- „Умешноста на војувањето“ преведена на англиски од Лајонел Гајлс (1910) заедно со HTML верзија (англиски)
- „Умешноста на војувањето“, аудио издание Бесплатни mp3-ки раскажувани од Мајкл Скот (англиски)